Спорт
За малку, чудо во Париз! ПСЖ на Раул стигнa до само +9 против Кјелце!
Полскиот ракометен гигант Виве Келце е третиот потврден учесник на фајнал-фор турнирот на ЕХФ Лигата на шампионите, откако во меч за срцев напад во Париз загуби со 35:26 (18:11) од Пари Сен-Жермен на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес, што беше доволно за пласман по домашната победа од 10 гола разлика (34:24).
Самиот Раул по фијаското во Полска, каде што ПСЖ загуби со 34:24, изјавуваше дека е невозможно да се очекува неговиот тим да се пласира меѓу најдобрите четири во европскиот клупски ракомет, но откако во првото полувреме имаа предност од седум гола, надежите на домашните навивачи се подгреаја кога тимот имаше одличен старт на второто полувреме и стигна до десет гола разлика (29:19).
Драмата продолжи откако ПСЖ направи и +11, резултат со кој тие патуваа во Келн, меѓутоа во финишот Агинагалде и Кулеш погодија за гостите да дојдат на -9. Недим Ремили беше ѕвезда за ПСЖ со 12 постигнати голови, а по пет имаа Лик Абало и Уве Генсхајмер, додека за Кјелце поранешниот вардарец Лука Циндриќ беше најефикасен со шест гола.
Со ова Келце им се приклучува на Барселона и Веспрем на фајнал-фор и сега се чека последниот патник – Вардар од 19 часот гостува кај Пик Сегед, каде што брани осум гола предност.
A very tired & emotional @kielcehandball celebrates in Paris as they go through to the VELUX EHF Champions League Final4 despite losing 35:26. Their 10 goals & calm in the last 5 min were enough to reach the Final.#veluxehfcl #PSGKCE pic.twitter.com/GLFzZahPuU
— EHF Champions League (@ehfcl) May 5, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.