Спорт
Заканувачка порака во Росарио за Лионел Меси: Те чекаме
Заканувачка порака му е оставена на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (37) во неговиот роден град Росарио. Непознати сторители пукале на маркетот што го водат родителите на неговата сопруга Антонела Рокуцо и оставиле порака за Лионел Меси.
Безбедноста на Лионел Меси е сериозно загрозена по инцидентот во аргентинскиот град Росарио. Непознати лица отвориле оган на маркетот што го водат родителите на неговата сопруга Антонела и оставиле порака.
Јавно му се заканија дека го чекаат и дека е следен во редот.
„Меси, те чекаме. Јавкин (градоначалникот на Росарио) исто така е дилер на дрога и нема да ти помогне“, стои во пораката оставена по пукањето.
Полицијата во Росарио соопшти дека кон маркетот биле испукани 14 куршуми. Се уште се трага по сторителите и нема информации кој би можел да направи вакво нешто.
Родителите на Антонела, Хозе и Патриша се потресени од она што се случи. Тие се сосема обични луѓе кои не зависат премногу од својата богата ќерка и се трудат да заработат за живот со сопствен труд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсенал ќе го пречека Манчестер јунајтед во ФА купот
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во третото коло од ФА Купот, беше одлучено со денешната ждрепка.
Третото коло е првото коло во кое се вклучуваат и најсилните тимови од Премиер лигата, а ждрепката веднаш ги спои Арсенал и Манчестерј, како и Астон Вила и Вест Хем.
Манчестер сити помина добро, ќе го пречека нисколигашот Салфорд, исто како и Ливерпул кој го пречекува Акрингтон, додека Челзи ќе му биде домаќин на Моркамб.
Натпреварите од третото коло во ФА Купот се закажани за 10, 11, 12 и 13 јануари.
Титулата ја брани Манчестер јунајтед кој во ланското финале го совлада Манчестер сити.
🏴🏆 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | FA Cup 3rd round draw in full! pic.twitter.com/Io98nbKTlz
— EuroFoot (@eurofootcom) December 2, 2024
Спорт
Синер се соочува со суспензија за Ролан Гарос и Вимблдон?
Светскиот тенисер број еден Јаник Синер може да биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон, па дури и ако Светската антидопинг агенција одреди пократка суспензија.
Италијанскиот тенисер уште во март беше позитивен на анаболичен стероид клостебол. Сеправдаше дека тој не е виновен туку неговиот физиотерапевт. Забранетата супстанца се наоѓала во маста која ја користел тој за малата рана што ја имал на раката.
„ВАДА верува дека наодот за „без вина или небрежност“ не е точен според важечките правила. ВАДА бара период на неподобност од една до две години. ВАДА не бара дисквалификација на резултатите, освен оние што се веќе изречени од првостепениот суд“, се вели во соопштението.
Она што во овој момент е добро за Синер е што сослушување нема да има до февруари, што значи дека Италијанецот ќе може да учествува на првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, каде што ќе има можност да ја одбрани титулата.
Ако Синер добие суспензија, тоа би било голем удар за неговата кариера, но има шанси да добие пократка суспензија доколку биде сослушан од Судот за спортска арбитража во Лозана.
Спорт
Миовски во тимот на месецот во Ла Лига
Бојан Миовски, напаѓачот на Џирона, се најде во идеалниот тим на месецот во Ла Лига. Миовски заедно со соиграчот Брајан Хил блесна во малото каталонско дерби. Џирона го победи Еспањол со 4:1, а Миовски постигна два гола и заблежа една асистенција.
За она што го одигра во ноември во дресот на Џирона, македонскиот репрезентативец доби просечна оценка 7,50. Покрај него и Хил, во тимот на месецот се најде и нивниот соиграч Иван Мартин.
🇪🇸 La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024