Спорт
Залудно го наместија натпреварот – Зета и Будва вратени во Третата лига

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора одлучи да ги врати клубовите Зета и Будва во понискиот (трет) ранг од натпреварувањето.
За потсетување, последно коло од плеј-офот за пополнување на Втората лига, Будва и Зета одиграа нерешено 3:3, Будва го доби пенал рулетот со 4:2.
Токму таков епилог, реми со голови, со победата на Будва на пенали, им одговараше на двата тима за да се пласираат во повисок ранг. Извиси Ибар од Рожај.
„Со одлука на Дисциплинската комисија, споменатите клубови се вратени во понизок ранг, поради учество во нерегуларности на натпреварот од третото коло од плеј-офот за пополнување на Втората лига на Црна Гора. Клубовите го прекршија членот 92 од Дисциплинскиот правилник“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Исто, двајца фудбалери на Зета и еден на Будва добија 18-месечни суспензии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур

Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур.
Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка.
Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда.
Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток.
Фото: принтскрин
Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот: