Контакт

Спорт

Застрашувачки сцени во Мајами – британски тинејџер колабира во АТП-дебито

Објавено пред

АТП-дебито на 19-годишниот британски тенисер Џек Дрејпер заврши со застрашувачки колапс на жештината во Мајами по што се повлече од мечот од првото коло против Казахстанецот Михаил Кукушкин.

Дрејпер, финалистот на јуниорскиот Вимблдон од 2018 и најголемата британска надеж, доби вајлд-карта на мастерс-турнирот како клиент на спортската агенција ИМГ, која е организатор на турнирот.

Светскиот рекет број 316 беше солиден во првиот сет против ветеранот губејќи го со 5:7 по еден час и 21 минута, но јасна беше физичката исцрпеност од влажното и жешко време во Мајами по што тој побара лекарска помош на 5:6. На сет-поен тој, едноставно, не можеше да изддржи.

„Мислам дека се работи за добар млад тенисер. Ова беше тежок меч, условите беа тешки. Беше жешко, влажно и бевме многу бавни. Потребна беше голема енергија да се префрли топчето преку мрежата“, изјави 33-годишниот Кукушкин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Евертон четири меча без победа, топ 4 пласманот изгледа далечен

Објавено пред

Евертон одиграа само 0:0 на гостувањето кај Брајтон во вториот понеделнички меч во Премиер лигата, што е нивни четврти меч без победа и со кој остануваат на далечни 7 поени од топ 4 пласман на место кое води во Лигата на шампионите. Од друга страна, за Брајтон, и овој поен може да биде клучен во борбата за опстанок.

Евертон се на осмото место со 48 поени, еден зад Тотенхем и дури 7 зад Вест хем на четвртото место. Брајтон се на 15. место со 33 поени, исто како 16-пласираниот Барнли и седум над зоната за испаѓање.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ракитиќ и Папу Гомез за драматична 4:3 победа на Севилја кај Селта!

Објавено пред

Селта Виго и Севилја го одиграа можеби најлудиот меч оваа сезона, откако на „Балаидос“, гостите успеаја да стигнат до 4:3 победа за да се зацврстат во топ 4 во лигата, враќајќи се од два гола разлика.

Жил Коунде го донесе тимот на Хулен Лопетеги во рано водство уште во 5. минута, но тогаш на сцена стапи фантастичниот Јаго Аспас кој за три минути постигна два гола (во 20. од пенал и во 23.) за домаќините да поведат со 2:1. Фернандо во 35. минута израмни за Севилја, за во 43. минута Браис Мендез пак да донесат водство за домаќините.

Во второто полувреме, Севилја го комплетираше камбекот – Иван Ракитиќ во 60. минута повторно израмни на 3:3, пред Папу Гомез во 73. минута да ги постави конечните 3:4.

Севилја со новите три поени останува на безбедното четврто место со 61 поен, сега само шест зад лидерот Атлетико Мадрид. Селта, пак, се на безбедното 10. место со 37 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пангос ги однесе Зенит во плејофот во Евролигата, „извиси“ Валенсија

Објавено пред

Кевин Пангос ги предводеше Зенит Санкт Петерсбург до убедлива победа од 112:83 над Панатинаикос за првпат во историјата на клубот да се пласираат во плејофот во Евролигата.

Со победата, Зенит го освои осмото место по регуларната сезона и обезбеди дуел со првиот носител Барселона во плејофот.

Пангос во 33 минути имаше 33 поени и 11 асистенции, а Вил Томас го следеше со 18 поени без утка, а Били Барон додаде 12 поени. Немања Недовиќ беше најдобар за Панатинаикос со 20 поени, а Јанис Папапетру додаде 16 поени.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ

Барселона – Зенит Санкт Петерсбург

ЦКСА Москва – Фенербахче

Анадолу Ефес – Реал Мадрид

Армани Милано – Баерн Минхен

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет9 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ11 час

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија12 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет13 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија15 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет17 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија17 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија17 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија17 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет18 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет18 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет19 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија21 час

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија2 дена

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија2 дена

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија2 дена

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија2 дена

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет2 дена

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Досие