Спорт
Заврши Ролан Гарос за Вознијацки и Павличенкова

Иако важеа за фаврити за поминување во следна фаза на гренд-слем турнирот Ролан Гарос во Париз, сепак со наведнати глави го завршија својот настап 13-тата светска тенисерка Каролина Вознијацки од Данска и 44-тата Анастасија Павличенкова од Русија.
Вознијацки иако првиот сет го доби доминантно со 6-0, ги загуби преостанатите два со резултат 6-3 6-3 од малку познатата руска тенисерка Вероника Кудерметова.
Нејзината сонародничка Анастасија Павличенкова пак лесно и брзо беше совладана со 6-4 и 6-2 од анонимната Менди Минела (100-та на ВТА листата) од Луксембург.
Ова се сите резултати на досега завршените дуели од вториот ден на женскиот дел од Ролан Гарос:
Дејвис – Плишкова 2-0
Канепи – Гергеш 2-0
Кузмова – Корнет 2-0
Бертенс – Перментие 2-0
Пери – Лапко 2-0
Конта – Лотнер 2-0
Брејди – Јоровиќ 2-1
Барти – Пегула 2-0
Херцог – Шашович 2-1
Кирстеа – Јуван 2-1
Жанг – Лепченко 2-0
Севастова – Кумхум 2-0
Векиќ – Самсонова 2-0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Официјално – нов тим одобрен за влез во Формула 1

Нов член на „најбрзиот циркус“ од 2026 година ќе биде познатиот американски „Кадилак“, соопшти Формула 1 организацијата.
Светската автомобилска федерација (ФИА) и Ф1 дадоа конечно одобрение за тимот на Кадилак да им се приклучи на Ферари, Мекларен, Ред Бул и други, а тимот, поддржан од TWG Motorsports и General Motors, ќе влезе во натпреварувањето во 2026 година.
ФИА и управата на натпреварувањето објавија дека новиот тим ги исполнил сите услови за да се приклучи на Формула 1 и да стане 11. екипа во шампионатот.
Во оваа прилика изјава даде извршниот директор на натпреварот Стефано Доменикали.
„Како што рековме во ноември, посветеноста на General Motors да го донесе Кадилак во Формула 1 беше важна и позитивна демонстрација на нивната желба да го унапредат нашиот спорт. Би сакал да им се заблагодарам на General Motors и TWG Motosports за нивниот конструктивен ангажман во преговорите во текот на изминатите месеци и со нетрпение очекувам да му посакам добредојде на тимот на почетокот на сезоната во 2026 година“.
Претходно беше најавено дека новиот тим во Формула 1 ќе користи мотори на Ферари во својата дебитантска сезона.
Инаку, базата на тимот на Кадилак е во британскиот Силверстоун.
Спорт
ЗЕГИН вторпат организира хуманитарна трка

Компанијата ЗЕГИН минатата година за прв пат на територијата на Општина Аеродром ја организираше хуманитарна трка “ЗЕГИН СПЕКТРАТОН – трка на херои во сите бои”, каде речиси 2000 граѓани трчаа во име на хуманоста.
Со собраните средства од котизациите на сите учесници и со дополнителна донација од 50.000 евра од Фондацијата “Д-р Верица Механџиска” се помогна за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Трката “ЗЕГИН СПЕКТРАТОН” беше препознаена како една од најдобрите социјално-одговорни практики за 2024 година.
ЗЕГИН како една од најголемите општествено одговорни компании одлучи и во 2025та година во фокус да ги стави лицата со аутизам и да ја продолжи мисијата за помош на оваа категорија на граѓани.

Оваа година повторно трчаме километри полни љубов и хуманост со трки од 10км, 5км, штафетна трка, како и детски трки од 150, 300 и 500м.
Датумот на трката е закажан за 23 Март со почеток во 09.00 часот, а стартот на трката е пред паркот Јане Сандански во Општина Аеродром.
За сите учесници следуваат одлични стартни пакети, а за најдобрите во сите категории предвидени се и награди.
Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме уште една голема хумана мисија!
Резервирајте го вашето место на следниов линк
https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spectrathon-2025/register
Пријавувањето е отворено до 16 март
За сите детали околу овој голен хуманитарен настан можете повеќе да се информирате на социјалните мрежи
Facebook https://www.facebook.com/zegintrka
Instagram https://www.instagram.com/trka_zegin/
Се гледаме на стартната линија!
Спорт
Канаѓанец на FBI 10 Most Wanted, САД нуди 10 милиони долари

Американскиот Стејт департмент објави дека нуди награда од 10.000.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на поранешен канадски олимпиец во сноуборд.
ФБИ го стави 43-годишниот Рајан Вединг на својата позната листа „10 најбарани“ за наводно водење на меѓународен синџир за трговија со луѓе и организирање на повеќе убиства поврзани со нарко картели.
Вединг беше на листата на барани лица на ФБИ од октомври, а во тоа време наградата за неговото апсење беше „само“ 500.000 долари.
Помеѓу другите имиња, според ФБИ, Вединг бил познат како „Ел Хефе“, „Државен непријател“ и „Џејмс Конрад Кинг“.
The #FBI has named Ryan James Wedding to its Ten Most Wanted Fugitives List. Wedding is wanted for his alleged involvement in a large-scale transnational drug trafficking operation and orchestrating multiple murders linked to his criminal enterprise: https://t.co/VD2Z9BLu5F pic.twitter.com/jV1796iMGu
— FBI (@FBI) March 6, 2025
Вединг во јуни беше обвинет за заговор и убиство, а неговата организација, која е е под заштита на озлогласениот картел Синалоа, наводно организирала увоз на 60 тони кокаин од Мексико, Калифорнија, Јужна Калифорнија.
Вединг и претходно беше осуден за трговија со дрога, а во 2010 година беше осуден на четири години затвор. .
Канаѓанецот беше 24-ти во паралелниот велеслалом на Олимписките игри во 2002 година во Солт Лејк Сити.