Спорт
Земан го брани Алегри: Кој игра добар фудбал во Серија А?
Контроверзниот Зденек Земан, во интервју за италијанските медиуми, застана во одбрана на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Јувентус игра лошо од почетокот на сезоната, има само две победи во седум натпревари во Италија и два порази во Лигата на шампионите.
Серија А, ја предводат Наполи и Аталанта, екипи кои освоија 17 од можните 21 поен во првите седум рунди. Зад нив со бод помалку е Удинезе.
„Кога не победувате, секој ќе се најде под лупа и ќе трпи критики, дури и Гвардиола кој е најдобриот тренер во моментов. Тимот на Алегри се соочува со многу повреди, уште неколку суспензии и мислам дека тој ја плаќа цената. Нормално е луѓето да се изненадат кога Јувентус ќе загуби од Монца. Но фудбалот е таков. Секого можеш да победиш и од некого да загубиш, а Јувентус обично победува“, застана во одбрана на италијанскиот стручњак Зденек Земан.
Новинарите се осврнаа на фактот дека не постои јасна идеја во играта на Јувентус оваа сезона.
„И кој игра (добар) фудбал во Италија. Можеби неколку екипи, Емполи или Удинезе, но тие не се стремат кон титулата“, заклучи Земан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот ќе биде главен тренер, а не менаџер на Ливерпул
Ерата на Јирген Клоп во Ливерпул заврши во неделата. Германецот по девет успешни сезони реши да замине на долг одмор. На заминување самиот го промовираше новиот тренер Арне Слот, кој во Ливерпул доаѓа од Феенорд.
Англиските медиуми објавија дека Слот, за разлика од Клоп нема да биде вработен како менаџер, туку како главен тренер.
Холанѓанецот е 23. предводник на Ливерпул, а прв што нема менаџерска улога.
Според британските медиуми, промената е одраз на следењето на модерните трендови на фудбалот. Повеќето англиски клубови сега го прават она што европските клубови го прават со децении, ја одвојуваат улогата на тренер од онаа на спортски директор или менаџер.
Ливерпул по објавата на Јирген Клоп дека го напушта клубот направи голема реорганизација. Затоа што Клоп не е единствениот што заминува. Клубот го напушта и фудбалскиот директор Јорг Шматке, како и неколку важни членови на стручниот штаб.
Во клубот се враќаат Мајкл Едвардс како шеф на фудбалот и Џулијан Вард како технички директор. Педро Маркез ќе биде директор за фудбалски развој на целата спортска групација Фенвеј, а Ричард Хјуз ќе биде новиот спортски директор. Сите тие, како и Арне Слот, ќе ги преземат своите должности на 1 јуни.
Клубот верува дека титулата главен тренер ќе му даде можност на Слот да се концентрира на најважните аспекти од работата со првиот тим. Тој дефинитивно ќе биде неприкосновен авторитет и ќе има целосна контрола врз тимот.
Спорт
ПСЖ го договори трансферот на Јоро
Лени Јоро има 18 години, сезонава играше станардно за Лил, со што го привлече вниманиетот на големите клубови. За ова момче стручњаците велат дека е најталентиранот стопер во својата генерација. За неговиот потпис се бореа Реал Мадрид и ПСЖ.
Трката за неговиот потпис ја доби ПСЖ. Реал се повлече бидејќи Флорентно Перез на сакал да издвои 50 милиони евра. Медумите пишуваат дека Реал за Јоро понудил 30 милиони евра.
За разлика од Реал, ќелниците на клубот од Парзи веднаш се согласиле да ја платат бараната сума.
Лени Јоро оваа сезона одигра вкупно 44 натпревари за Лил и постигна три гола.
Спорт
Јокиќ: Лука ми е пријател, му посакувам да ја освои титулата
Никола Јокиќ и кошаркарите на Денвер не успеаја да го одбранат шампионскиот прстен оваа сезона. Тие беа поразени во полуфиналната серија на Западот од Минесота со 4-3, последниот, седми натпревар во серијата Минесота го доби во Денвер со (90:98).
Јокиќ не беше расположен по натпреварот, делуваше исцрпено по големата борба. Минесота често играше со тројца високи играчи Руди Гобер, Карл-Ентони Таунс и Наз Рид кои максимално го изморија најдобриот играч во лигата.
Кога Јокиќ на прес-конференцијата беше запрашан да опише што им се случи, можеби со својот одговор индиректно прстот го впери кон челниците на франшизата, се пожали на на недоволниот квалитет што го има Денвер на клупата за резерви.
Јокиќ беше запрашан и кого би сакал да види на местото каде минатата година беше Денвер, со шампионски прстен.
„Тоа му го посакувам на Лука. Тој ми е добар пријател“.