Спорт
Зенит и Жалгирис со неверојатни пресврт победи на стартот на Евролигата
Кошаркарите на Зенит Петерсбург славеа фантастична 73:69 победа на гостувањето кај Анадолу Ефес на стартот на Евролигата, а најдраматично беше во Пиреја, каде што Олимпијакос „колабираше“ во последната четвртина за Жалгирис да стигне до драматична 68:67 победа.
Ефес и Зенит не успеаја да направат некоја значителна разлика во првите три четвртини од мечот, пред Зенит предводен од Кевин Пангос да слави во Истанбул. Канаѓанецот Пангос го заврши мечот со 23 поени и 7 асистенции, а Риверс додаде 14 поени. Кај Ефес, Мициќ имаше 17 поени, а првата ѕвезда Шејн Ларкин не настапи поради повреда.
Олимпијакос пак, имаше 11 поени предност на стартот на последната четвртина, но во неа успеа да погоди само осум поени за Жалгирис да ја „украде“ победата. Јокубаитис беше клучниот човек во финишот, кога постигна две слободни фрлања. Григонис со 15 и Ловерњ со 13 беа најдобри за Жалгирис, додека Хасна Мартин со само 12 поени беше најдобар за Олимпијакос.
ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО
Анадолу Ефес – Зенит Петерсбург 69:73 (10:15, 16:11, 28:23, 15:24)
Олимпијакос – Жалгирис Каунас 67:68 (18:23, 19:11, 21:13, 9:21)
Макаби Тел Авив – Алба Берлин 80:73 (19:29, 30:12, 18:17, 13:15)
Барселона – ЦСКА Москва 76:66 (24:14, 17:19, 14:15, 21:18)
Валенсија – Асвел Лион 65:63 (18:17, 19:16, 13:14, 15:16)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Винисиус ќе го продолжи договорот со Реал
Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на денешницата, не сака да го напушти Реал Мадрид и се чини дека решение за сагата околу неговиот нов договор е на повидок.
Бразилецот е свесен дека трпението на претседателот Флорентино Перез е при крај и, за да го обезбеди својот престој во Мадрид, е подготвен да направи клучен компромис. Ќе се откаже од бонусот за продолжување на договорот што го бараше. Тој е подготвен да потпише за 20 милиони евра годишно.
Винисиус ја прифатил понудата на клубот повторно да стане клучен играч во 2026 година и е подготвен да се откаже од своите финансиски барања кои ги одложија преговорите.
Иако договорот сè уште не е официјално постигнат, во клубот постои оптимизам дека сè би можело да се реши во наредните денови или недели.
Винисиус е свесен дека треба да направи чекор напред за да го врати својот статус во тимот и тешко дека ќе има подобра шанса за тоа.
Во отсуство на Килијан Мбапе, од него се очекува да ја преземе лидерската улога и конечно да ја прекине својата лоша серија од 14 натпревари без постигнат гол. Оваа сезона, тој има пет гола и осум асистенции во 24 одиграни натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Букер и пресуди на Оклахома, Дончиќ го реши Мемфис
Актуелниот НБА шампион, Оклахома сити Тандер, го забележа шестиот пораз во сезоната. Тандер во последната секунда, со тројка ги сруши Девин Букер.
Феникс Санс славеа во дуелот со Оклахома 108:105. Букер натпреварот го заврши со 24 поени. Дав поени повеќе постигна Гудвин, кој беше најефикасен играч на натпреварот.
Кај Оклахома се истакнаа Шеј Гилџис-Александер со 25 и Џејлен Вилијамс со 25 поени.
ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Мемфис Гризлис со 120:114. Блескаше Лука Дончиќ со 36 поени, девет скока и осум асистенции. Поддрша доби од ветеранот Леброн Џејмс (26 поени).
Во последниот натпревар од вечерта, Милвоки Бакс славеа победа во Сакраменто 115:98.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Реал го растури Бетис, Гарсија неочекуван херој
Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со потера по водечката Барселона. Тимот на Чаби Алонсо убедливо го победи Бетис во натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига со 5:1.
Во отсуство на Килијан Мбапе,неочекуван херој на „кралскиот клуб“ стана младиот Гонзало Гарсија.
Ги постигна првите голови во Ла Лига, натпреварот го заврши со хет-трик. Останатите два гола за Реал ги постигнаа играчите од одбраната, Раул Асенсио и Фран Гарсија.
Foto/ EPA/KIKO HUESCA

