Спорт
Жалгирис победи во Грција за да остане во трка за плеј-офот

Втора сезона едноподруго, Жалгирис си заминува од Пиреја со победа во клучен меч, откако најдобриот литвански клуб со 72:68 ги победи Олимпијакос во меч кој беше многу важен за место во плеј-офот.
Лео Вестерман ги постигна најважните поени на 1:15 пред крајот, положувајќи за 68:65 водство на Жалгирис. Никола Милутинов (18 поени и 12 скока) потоа искористи само едно слободно фрлање за Олимпијакос за мечот да биде завршен.
Во плеј-офот сигурно нема да бидат Баерн Минхен, откако доживеаја незгоден 92:87 пораз на гостувањето во Турција кај Дарушафака, во меч кој за домаќините немаше никакво значење. Тони Даглас беше човекот на одлука, откако имаше 26 поени,6 скока и 5 асистенции за Дарушафака.
ЕВРОЛИГА, 29.КОЛО
Химки – ЦСКА Москва 72:80 (15:23, 22:26, 14:15, 21:16)
Дарушафака – Баерн Минхен 92:87 (14:27, 30:23, 21:17, 27:20)
Басконија – Анадолу Ефес 92:102 (26:30, 27:18, 14:26, 26:13, 28:17)
Олимпијакос – Жалгирис Каунас 68:72 (18:16, 20:18, 13:14, 17:24)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бонмати ја освои третата Златна топка по ред

Во машкиот фудбал, добитниците на Златната топка се менуваат, но во женскиот фудбал, апсолутната доминација на Аитана Бонмати продолжува.
Шпанската репрезентативка, фудбалерка на Барселона ја освои оваа престижна награда трет пат по ред.
По 2023 и 2024 година, Бонмати ја победи сонародничката и фудбалерка на Арсенал, Марион Калдентај, во овогодинешната трка.
Лионел Меси и Мишел Платини се единствените кои ја освоиле Златната топка три пати по ред, додека во женскиот фудбал, Бонмати е првата во историјата со таква серија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Усман Дембеле ја освои Златната топка

Напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Усман Дембеле ја освои „Златната топка“. Наградата на 69-то издане му беше врачена на гала церемонијата во Париз.
Дембеле, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот на Европа, Купот и Суперкупот на Франција.
Усман Дембеле ја освои „Златната топка“ пред Ламин Јамал, кој беше втор и Витиња, кој го освои третото место. Следуваат Мо Салах, Рафиња, Ашраф Хакими, Килијан Мабпе, Кол Палмер, Џиџи Донарума, Нино Мендеш.
Дембеле официјално стана шестиот француски фудбалер кој ја освоил „Златната топка“, по Рејмон Копа, Мишел Платини, Жан-Пјер Папен, Зинедин Зидан и Карим Бензема.
Bravo Ousmane ! 🇫🇷#ballondor pic.twitter.com/7TA1oSpjub
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Спорт
(Видео) Марсеј по пауза од 14 години на „Велодром“ го победи ПСЖ

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Пари Сен Жермен со 1:0 во петтото коло од Лига 1.
Марсеј победи благодарение на единствениот гол на натпреварот, на почетокот од натпреварот.
Се играше петтата минута кога Наиф Агерд постигна гол за водство на Марсеј од 1:0. Интересно е што тоа беше единствениот удар во рамките на голот на домашната екипа.
Пари Сен Жермен постојано напаѓаше, пропушти неколку добри шанси, но на голот на Марсеј блескаше Аргентинецот Херонимо Руљи.
Marseille 1×0 PSG
⚽️ Nayef Aguerd
Meh pic.twitter.com/LmsDySWzeV
— PICO from Portugal 🇵🇹 (@PortugalPico) September 22, 2025
Инаку ова е прав победа на Марсеј на домашен терен над ПСЖ по цели 14 години. Исто така ПСЖ го доживеа вториот пораз на последните 44 гостувања во Лига 1.
Пари Сен Жермен сега е израмнет со Монако, Лион и Стразбур, сите имаат по 12 бода и се на врвот на табелата, додека Марсеј е на шестото место со девет бода.
Во наредната рунда, ПСЖ ќе го пречека Оксер, додека Марсеј гостува кај Стразбур.
Фото/ Принтскрин