Спорт
Ждрепка за плеј-офот во ЛШ, Динамо против Карабаг или Лудогорец, Црвена звезда со Јагелонија или Бодо/Глимт

Во седиштето на УЕФА во Нион, попладнево беа извлечени двојките за плеј-офот во Лигата на шампионите.
Двојки за плеј-офот во Лигата на шампионите:
Јанг Бојс (Швајцарија) – Галатасарај (Турција)
Динамо (Хрватска) – Карабаг (Азербејџан) / Лудогорец (Бугарија)
Митјиланд (Данска) / Ференцварош (Унгарија) – Слован Братислава (Словачка) / АПОЕЛ (Кипар)
Јагелонија (Полска) / Бодо/Глимт (Норвешка) – Црвена звезда (Србија)
Малме (Шведска) / ПАОК (Грција) – Спарта Прага (Чешка) / ФЦСБ (Романија)
Лил (Франција) / Фенербахче (Турција) – Славија Прага (Чешка) / Унион Сен Жилоаз (Белгија)
Динамо Киев (Украина) / Ренџерс (Шкотска) – Салцбург (Австрија) / Твенте (Холандија)
Првите натпревари на програмата се на 20 и 21 август, реваншите ќе се одграат една недела подоцна.
Победниците ќе се пласираат во Лигата на шампионите, која од оваа сезона се игра во нов систем со 36 екипи. На секоја екипа и се загарантирани осум натпревари, а само за пласман во елитата клубовите ќе инкасираат меѓу 35 и 40 милиони евра.
Поразените ќе продолжат во плеј-офот за пласман во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Случаен гол на Грилиш за прв пораз на Палас во новата сезона

Во Премиер лигата повеќе нема непоразени тимови. Кристал Палас загиби на гостувањето кај Евертон (2:1) и го доживеа првиот пораз по речиси шест месеци, односно ја прекина серијата од 19 натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Евертон стави крај на успешната серија на Кристал Палас со случајниот гол на Џек Грилиш во 93.минута. Палас сами се виновни за овој пораз, имаа предност од 37.минута псо голот на Муњоз, а пота промашија неколку зрели шанси за гол.
Кога не успеаја да го решат натпреварот ги стигна казната. Ендиај погоди од пенал во 76., а потоа во 93.минута Грилиш со првиот гол во дресот на Евертон им ја обезбеди победата на „карамелите“.
Резултати:
Астон Вила – Барнли 2:1 (1:0)
(Мален 25.63 – Угочукву 78)
Евертон – Кристал Палас 2:1 (0:1)
(Ендиај 76п, Грилиш 90+3 – Муњоз 37)
Њукасл – Нотингем Форест 2:0 (0:0)
(Гимареш 58, Волтемаде 84п)
Вулверхемптон – Брајтон 1:1 (1:0)
(Вербруген 21аг – Ван Хеке 86)
17:30 Брентфорд – Манчестер Сити
Спорт
Вардар и Струга одиграа нерешено во дербито на колото

Дербито меѓу Вардар и Струга, во деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига заврши без победник. Натпреварот на „Арена Тодор Проески“, заврши 2:2. Вардар од пораз се спаси со гол во судиското надополнување на времето.
Гостите од Струга два пати водеа, но не успеаја да победат. Шабани во 19. минута, го постигна првиот гол,
Во второто полувреме Мато промаши пенал, гостинскиот голман Ангелети го одбрани неговиот удар.
Мато набрзо успеа да постигне гол и да изедначи на 1:1. Четири минути подоцна Компаоре погоди за ново водство на Струга.
Сепак лидерот на табелата не успеа да победи, бидејќи во 92. минута Јанкулов го постави конечниот резултат.
Силекс со минималната победа над Тиквеш ја прекина низата лоши резултати. . Стрелец на единствениот гол во Кратово беше Ади Алиќ во деветтата минута од натпреварот.
Спорт
(Видео) Рома среќно победи во Фиренца и ја продлабочи кризата на Фиорентина

Фудбалерите на Рома ја победија Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“ со 2:1, во натпреварот од шестото коло на Серија А.
Екипата на Џанпјеро Гасперини оствари победа по пресвртот во првото полувреме, а некако успеа да ја одбрани победата во вториот дел.
Кен им донесе водство на „виолетовите“ во 14-та минута, но „волчицата“ набрзо возврати и, како што се покажа, го обезбеди триумфот. Изедначи Суле во 22-та минута и Кристанте во 30-та минута.
Српскиот голман Миле Свилар имаше голема среќа во продолжението, бидејќи домашните ја погодија стативата и пречката, а одлична шанса во финишот пропушти Госенс, кој шутираше многу лошо од неколку метри.
Рома повторно се искачи на врвот на табелата со 15 бода, но и натпревар повеќе од Милан и Наполи, кои, исто како и Интер, имаат по 12 бода.
Фиорентина сè уште чека на својата прва победа во сезоната. Тие моментално се наоѓаат на 17-то место на табелата со три бода.
Во истиот период, Болоња ја декласираше Пиза со резултат од 4:0.
Сè беше решено веќе во првото полувреме, откако Камбијаџи постигна гол во 24-та, Моро во 38-та и Орсолини во 40-та минута.
Точка на натпреварот стави Одгар во 53-та минута, за 10-от бод на Болоња оваа сезона. Пиза, која играше со десет играчи поголемиот дел од натпреварот, остана на дното со само два бода.