Контакт

Спорт

Железничар има 11 позитивни на коронавирус, неизвесен мечот со Макаби

Објавено пред

Дуелот од квалификациите во Лига Европа помеѓу Макаби Хаифа и Железничар најверојатно нема да се одигра откако во сараевскиот клуб има вистинска епидемија на коронавирус.

Шест фудбалери на клубот од Босна и Херцеговина не отпатуваа во Израел поради позитивни тестови, а сега од клубот потврдија дека по тестирањето при пристигнувањето во Израел тие имале уште 5 позитивни случаи.

Израелските медиуми веќе тврдат дека УЕФА решила да го откаже мечот и да му додели службена победа на Макаби, каков што беше случајот со косовските клубови кои имаа позитивни тестови.

Спорт

„Би сакале, но не можеме да се бориме за пехарот во Лига-купот“

Објавено пред

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, рекол дека ќе мора да го жртвува Лига-купот бидејќи во густиот распоред предност имаат европските натпревари. Тотенхем во вторник ќе игра против Челси, а веќе в четврток гостува кај Макаби Хаифа во плејофот за пласман во Лига Европа.

По натпреварите со Челси и Макаби, Тотенхем в недела ќе гостува кај Манчестер јунајтед во четвртото коло во Премиер лигата.

„Би сакал да се бориме за трофејот во Лига-купот, но мислам дека нема да можеме“, рекол Мурињо.

„Фазата по групи во Лига Европа носи одредена сума, а тоа е важно за нас. Со овој распоред, Лигакупот, наместо нас ја донесе одлуката. Не ни направија проблем, туку донесоа одлука“.

Неговиот тим би можел да му парира на Челси, рекол Португалецот.

„Се шегувате, дали сте сериозни? Челси играше во саботата, одмараше во неделата и понеделникот. Ќе игра повторно во втроник, а потоа дури за викенд. Има фантастичен тим. Нивниот менаџер може да игра со истиот тим“.

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Челси вечерва на програмата е од 20.45 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ерменците ја гарантираат безбедноста – Црвена звезда ќе гостува во Ереван

Објавено пред

Арарат и Црвена звезда плејоф натпреварот за пласман во фазата по групи во Лига Европа ќе го одиграат во Ереван, одлучи УЕФА. Местото на одигрување на овој натпревар беше доведено под знак прашалник поради воената состојба која е воведена во Ерменија.

УЕФА во вторникот само го потврди терминот на одигрувањето на натпреварот, 18 часот по локално време (16 часот по средно-европско време) во Ереван. Ерменските власти на УЕФА и гарантирале дека постојат безбедносни услови мечот да се игра во нивната земја.

Од местото на воените дејствија Ереван е оддалечен повеќе од 300 километри.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пјаниќ е четвртиот кој играл во ист клуб со Меси и Роналдо

Објавено пред

Миралем Пјаниќ во неделата дебитираше за Барселона и стана 14 фудбалер кој во текот на кариерата игра во ист тим со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Истата вечер Артур го запиша дебито за Јувентус па и тој се запиша на оваа листа.

Пред Артур и Пјаниќ со според многумина двајцата најдобри во историјата на фудбалот играле Габриел Хајнце, Езекиел Гарај, Џерард Пике, Нелсон Семедо, Фернандо Гаго, Андре Гомеш, Карлос Тевез, Хенрик Ларсон, Гонзало Игуаин, Анхел Ди Марија и Паоло Дибала.

Интересно покрај Артур и Пјаниќ во исти клубови со споменатите двајца играле уште само Пике и Ларсом, сите останати со едниот играле во ист клуб, а со другиот (Меси) во репрезентацијата на Аргентина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 час

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија1 час

Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија2 часа

Илјадници ученици и денес не можат да се приклучат за онлајн учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, националната платформа за онлајн учење и денес паѓа Илјадници ученици, наставници и родители и утрово...

Свет2 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на Твитер дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Топ4 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија4 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет5 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет5 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија5 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет6 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа6 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт15 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион17 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет19 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет19 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија20 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија21 час

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија1 ден

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Досие