Спорт
„Животот на Бекер е уништен“

Адвокатот на Борис Бекер посочил дека пресудата со која поранешниот тенисер е осуден на две и пол години му го уништила животот. Германецот ги прекршил условите за стечај што го прогласил во 2017 година. Половина од казната ќе ја одлежи во затвор, а половина условно доколку примерно се однесува.
„Борис Бекер буквално нема ништо. Нема што да се покаже од неговата блескава кариера ова е трагично“, изјави Џонатан Лејдло, адвокатот на Бекер, додавајќи:
„Овој процес целосно му ја уништи кариерата и ја уништи секоја потенцијална заработка во иднина.
Исто така, Лејдло рече дека угледот на Бекер сега е целосно уништен.
Бекер е поранешен број еден и шесткратен Грен слем шампион, а живее во Англија од 2012 година. Тој беше тренер на Новак Ѓоковиќ од крајот на 2013 до крајот на 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукас Пакета пред трансфер на „Сент Џејмс парк“

Њукасл јунајтед, клубот со најбогатите сопственици во светот, летово ќе прави голема реконструкција на тимот. „Тајмс“ објави дека првиот фудбалер што ќе го донесе Њукасл, во летниот преоден рок, ќе биде Лукас Пакета.
Бразилскиот играч за врска има договор со Лион до 2025 година, а Њукасл за неговиот трансфер подготви 60 милиони евра. Доколку трансферот биде реализиран тоа ќе биде клупски рекорд. Во јануари, Њукасл од Лион за 50 милиони евра го донесоа Бруно Гимараеш.
Пакета, 24-годишната бразилски репрезентативец е во Лион од 2020 година. Лион му плати на Милан 20 милиони евра, 18 милиони помалку отколку што Милан година и пол порано му плати на бразилскиот Фламенго.
Во последниот преоден рок Њукасл потроши повеќе од 100 милиони евра за да го засили тимот во борбата за опстанок во Премиер лигата. Тој ги доведе Бруно Гимараеш од Лион, Крис Вуд од Барнли, Киран Трипие од Атлетико и Ден Бурн од Брајтон.
Спорт
Македонија преку Лигата на нациите ќе се подготвува за квалификациите за Евро 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе започна подготовките за новиот циклус во Лигата на нациите. Македонија во Ц-дивизијата, во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Групата 4 заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Во Лигата на нации, во јуни, Македонија за десет дена ќе одигра четири натпревари. На страртот Македонија ќе гостува најпрвин во Бугарија (2.јуни), а потоа и во Гибралтар (5.јуни).
Потоа следуваат домашните натпревари со Грузија (9.јуни) и Гибралтар (12.јуни).
„Овие натпревари ќе ја искористиме да им дадеме шанса на сите, за да знаеме со што располагаме, за она што следува во иднина, а тоа се квалификциите за ЕП 2024. Сите учесници во оваа група се со израмнет квалитет, не би го нарекол аутсајдер ниту Гибралтар“, рече селекторот Милевски.
Селекторот повика 28 фудбалери за овие натпревари. Уште пред да го објави списокот ги ослободи од обрските Адис Јаховиќ и Аријан Адеми.
Дополнително од списокот отпаднаа капитенот Стефан Ристовски и Ердал Ракип.
„Ристовски има контузија на стапалото, станува збор за серизна повреда. Добро е што нема скршеница, туку има голем оток“, откри македонскиот селектор.
Селекторот потврди дека нема да повика други фудбалери во репрезентацијата, туку останаите 26-мина ќе бидат во конкуренција за четири натпревари во јунскиот циклус, во Лигата на нации.
Спорт
Ливерпул го продава Окслејд-Чембрлен

Фудбалскиот клуб Ливерпул одлучи да го продаде поранешниот англиски репрезентативец Алекс Окслејд-Чембрлен на крајот на сезоната, пренесуваат британските медиуми.
Окслејд-Чембрлен (28) пристигна во Ливерпул во 2017 година од Арсенал, но најмногу поради честите повреди, не ги исполни очекувањата на клупските челници и тренери.
Тој има договор со клубот до јуни следната година, но менаџерот Јирген Клоп нема да смета на него следната сезона.
Челниците на славниот англиски клуб поради тоа решија да го продадат искусниот фудбалер на крајот од сезоната, а обештетувањето за Окслејд-Чембрлен, најверојатно, ќе изнесува околу 10 милиони фунти.
Интерес за поранешниот англиски репрезентативец веќе покажаа Вест Хем, Њукасл и Астон Вила.
Окслејд-Чембрлен одигра 133 натпревари за Ливерпул и постигна 17 гола.