Спорт
ЖРК Металург се засили со пивотмен од Црна Гора
Тимот на ЖРК Металург донесе странско засилување во своите редови за продолжението од сезоната во женската ракометна Суперлига.
Итана Лабовиќ која доаѓа од Црна Гора треба да ја засили пивотменската позиција. Таа има 21 година и доаѓа од тимот на Феникс од Подгорица.
Договорот меѓу Итана Лабовиќ и ЖРК Металург е потпишан на една сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Идеалниот тим за 2024 според ИФФХС
Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) е основана во март 1984 година во Лајпциг, Германија. Во ИФФХС се претставени повеќе од 211 земји ширум светот, од сите фудбалски континенти. Главната цел на ИФФХС е хронолошка документација на светските фудбалски резултати, податоци и информации поврзани со фудбалот.
ИФФХС постојано објавува интересна статистика, а сега на крајот на годината е прогласен и најдобриот тим за 2024 година.
Тимот е распореден во формација 4-3-3, а во него се: Емилијано Мартинез (Астон Вила, Аргентина) – Дани Карвахал (Реал, Шпанија), Рубен Диаш (Манчестер сити, Португалија), Антонио Ридигер (Реал, Германија), Алфонсо Дејвис (Баерн, Канада) – Џуд Белингем (Реал, Англија), Родри (Манчестер сити, Шпанија), Тони Крос (Реал, Германија) – Ламин Јамал (Барселона, Шпанија), Ерлинг Халанд (Манчестер сити, Норвешка), Винисиус Жуниор (Реал, Бразил).
🚨 OFFICIAL: IFFHS Men’s World Team 2024. pic.twitter.com/NExyQgOVjA
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 27, 2024
Спорт
Започнува турнејата Четири скокалници
Ги одбројуваме деновите до новогодишните и божиќните празници, а најдобар знак дека се блиску е турнејата Четири скокалници.
Сезонава турнејата ќе се одржи по 73-ти пат во својата историја, а традиционално започнува во Оберстдорф, каде главното натпреварување е закажано за в недела. Потоа најдобрите ски-скокачи на денешницата се селат во Гармиш-Партенкирхен на Нова Година, пред да се преселат во Австрија на преостанатите две станици од турнејата, прво во Инсбрук на 4. јануари, а потоа во Бишофсхофен два дена подоцна.
Што се однесува до фаворитите пред почетокот на борбата за „Златниот орел“, на чело на листата е Германецот Пијус Пашке, кој моментално води во генералниот пласман на Светскиот куп. Пашке оваа сезона победи на пет од 10 натпреварувања и пред почетокот на новогодишната турнеја, неговата предност во трката за Кристалниот глобус е 79 поени пред Даниел Чофениг од Австрија.
Чофениг, кој сезонава победуваше два пати, ги предводи австриските кандидати за титулата, вклучувајќи ги Јан Херл и Штефан Крафт, кој е единствениот во топ 10, во Светскиот куп што го има „Златниот орел“.
Од сенка својата шанса ја чекаат Швајцарецот Грегор Дешванден и уште еден германски скокач Андреас Велингер, а секогаш постои шанса некој да ги изненади, што се случувало многупати низ историјата.
Распоред на натпреварите:
Оберстдорф:
28 декември 16:30 квалификации
29 декември 16:30 скокови
Гармиш-Партенкирхен:
31 декември 14:00 часот квалификации
1 јануари 14:00 скокови
Инсбрук:
2 јануари 13:30 часот квалификации
3 јануари 13:30 скокови
Бишофсхофен:
5 јануари 16:30 квалификации
6 јануари 16:30 скокови
Спорт
„Марка“: ТАА го известил Ливерпул дека нема да потпише нов договор
Трент Александер-Арнолд (ТАА), ги известил челниците на Ливерпул дека сака да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид.
Ова го тврди „Марка“, поточно новинарот Хозе Феликс Диас, кој уверува дека Англичанецот е најблиску до одлука да не потпише нов договор со Ливерпул и дека за тоа ги известил челниците на „црвените“.
„Марка“, пишува дека ТАА е свесен колку Реал Мадрид го посакува во својот тим и дека за се бил информиран од прва рака, од неговиот пријател и репрезентативен соиграч Џуд Белингем.
„Марка“ пишува дека Ливерпул направил се во последните месеци, неколку пати ја подобрувал својата понуда, но сепак не добил позитивен одговор.
Диас дури уверува дека сега останува на Ливерпул дали да го пушти Трент да си замине во зимскиот преоден рок, за да заработи од неговото заминување на шест месеци пред истекот на договорот или да му дозволи да си замине на лето без обештетување.
Сепак, англиските извори и понатаму тврдат дека Ливерпул ќе направи се за да го задржи ТАА до крајот на сезоната и дека немаат намера да го пуштат среде сезона, во ситуација кога клубот е во трака за сите трофеи.