Спорт
Зидан: Целта ми е селектор на Франција, но сега сум во Мадрид!
Некогашниот фудбалски магионичар, актуелен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека со тренерскиот „занает“ започнал со цел еден ден да биде селектор на Франција.
Зидан е еден од кандидатите за наследник на Дидие Дешам, тоа го потврди и првиот човек на Францускиот фудбалски сојуз, Ноел ле Грат.
Стигна одговорот од Мадрид:
„Ќе видиме, моментно размислувам само за Реал. Во Мадрид сум и уживам во секој ден. Имам голема страст кон фудбалот. Никогаш не можете да знаете што носи иднината. Мојот однос со господин ЛеГрот датира уште од 1998. Кога пред 10 години почнав со тренерската работа како цел си ја поставив селекторската функција во Франција, но сега сум овде“ вели Зидан.
Од реченото станува јасно дека Зидан не ја отфрла можноста да седне на клупата на „галските петли“ уште повеќе што актуелниот кормилар на селекцијата најави повлекување по Мундијалот во Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Детроит Пистонс му го расипаа роденденот на Леброн Џејмс
Требаше да биде дерби, но Детроит Пистонс лесно во Лос Анџелес се справија со Лејкерс, славеа победа 128:106.
Гостите, му го расипаа 41-от роденден на Леброн Џејмс, чии 17 поени не им помогнаа премногу на „езерџиите“ да одиграат рамноправен натпревар со најпријатното изненадување во сезоната.
Ненадминливиот Џејмс го одигра својот 1.557-ми натпревар во 23-та сезона од неговата кариера.
Го пропушти последниот дел поради повреда на раката, од клупата ја гледаше доминацијата на гостите кои авторитативно, исто како што го одиграа целиот натпревар, го завршија натпреварот и на Лејкерси им го нанесоа четвртиот пораз во последните пет натпревари.
Лука Дончиќ беше најдобар во поразениот тим со 30 поени и 11 асистенции.
За гостите, кои не ги поремети ниту повредата на Тобијас Харис во првиот дел, блескаше Кејд Канингем со 27 поени, Маркус Сасер придонесе со 19 од клупата, што е воедно и негов рекорд во сезоната, Ајзија Стјуарт постигна 15, Џален Дуран 14.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Лидерот Арсенал со покер голови ја честеше Астон Вила, Јунајтед се изрезилија против најлошиот тим во лигата
Фудбалерите на Арсенал, во дербито на 19-то коло ја победија Астон Вила со 4:1. „Топџиите“ ја прекинаа неверојатната серија на Астон Вила, од 11 победи во сите натпреварувања, осум од ив забелеани во Премиер лигата. Во истиот термин, Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако одиграа 1:1 со најлошиот тим во лигата, Вулверхемптон.
Арсенал продолжува да доминира во Премиер лигата и суверено ја држи првата позиција во најсилната фудбалска лига во светот со 14 победи во 19 натпревари и 45 освоени бода.
Последниот триумф, петти во последните шест натпревари, дојде во вторник вечерта против Астон Вила.
Астон Вила е еден од најдобрите англиски тимови оваа сезона, одигра егал со лидерот во првите 45 минути, период во кој двата тима имаа по една опасна шанса за гол.
Во второто, ситуацијата на теренот драстично се смени. Во 48-та минута од натпреварот, Габриел го постигна првиот гол и Арсенал поведе со 1:0, само четири минути подоцна Зубименди го зголеми резултатот на 2:0.
Во 69-та минута, Лео Тросар постигна гол за убедливи 3:0, а во 78-та минута, Жесус, на асистенција на Тросар, ја погоди мрежата на Вила за „покер“ на Арсенал и водство од 4:0,.
Оли Воткинс се погрижи за конечните 4:1 во 94-таа минута.
Во исто време, играчите на Манчестер Јунајтед, одиграа нерешено со Вулверхемптон, 1:1.
Јунајтед играше на „Олд Трафорд“ со најлошиот тим во Премиер лигата и не успеа да победи, поради што играчите беа со свирежи испратени во соблекувалната.
Џошуа Зиркзе постигна гол за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0 во 27-та минута, а Вулверхемптон освои бод (трет за нив од почетокот на сезоната) откако Ладислав Крејчи израмни во 45-та минута.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Борнмут освои бод кај Челзи, Евертон победи во Нотингем
Челзи не успеа да го победи Борнмут во 19-то коло, во Премиер лигата. Во терминот од 20.30 часот, Вест Хем повторно не успеа да победи, одигра 2:2 со Брајтон, Евертон триумфираше во Нотингем со 2:0, а Њукасл победи кај Барнли 3:1.
Одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ одиграа Челзи и Борнмут, заврши без победник 2:2.
Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме, а Брукс го отвори резултатот во шестата минута.
Кол Палмер израмни во 15-та од пенал, а Енцо Фернандес им донесе пресврт на домашните во 23-та.
Сепак, Џастин Клајверт израмни по четири минути и тој резултат остана на семафорот до рајот на мечот.
Челзи остана на петтото место со 30 освоени бода, додека Борнмут е на 15-та позиција со седум помалку.
Резултати:
Барнли – Њукасл 1:3 (1:2)
/Лорен 23 – Жоелинтон 2, Виза 7, Гимараеш 93/
Нотингем Форест – Евертон 0:2 (0:1)
/Гарнер 19, Бери 79/
Вест Хем – Брајтон 2:2 (2:1)
/Бовен 10, Пакета 45+4 – Велбек 32, Фелтман 61/

