Спорт
Зидан: Фрустриран сум од резултатот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, рекол дека е задоволен од она што неговите фудбалери го прикажале против Хетафе, незадоволен бил само од резултатот.
Реал, во 34 коло гостуваше кај градскиот ривал Хетафе, дуелот на „Алфонсо Перез“ стадионот заврши без голови.
„Одигравме добар натпревар, жал ми е што заврши без голови, мислам дека заслуживме повеќе. Имавме шанси да постигнеме гол. Поради тоа ме сум нервозен, ремито е фрустрирачко за нас. Задоволен сум од моите фудбалери, играа добро. Добро се браневме, но од друга страна не постигнавме гол. Не сум задоволен со овој резултат“, рекол Зидан.
Реал на табелата има 65 бода, десет повеќе од Хетафе на четвртото место. Лидер на табелата е Барселона со 80 бода, а втори се Атлетико со 71. Во наредното коло Реал ќе гостуваат кај Рајо Валјекано, а Хетафе патува во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси „преку ноќ“ се договори со големиот талент на Спортинг
Челзи „преку ноќ“ го договори првото засилување за претстојниот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо. Џовани Куенда, 17-годишниот португалски талент кој игра за Спортинг, се согласи да премине во лондонскиот клуб.
За неговите услуги наводно биле заинтересирани Манчестер јунајтед и други англиски клубови, за сума од околу 50 милиони евра.
Куенда ќе игра уште една сезона во Спортинг, а потоа ќе му се приклучи на Челси. Не е познато колку Челзи ќе плати за младиот Португалец.
Според „Трансфермаркт“, Куенда вреди 30 милиони евра. Тој веќе некое време е стандарден во првиот тим на Спортинг, а со само 17 години веќе забележа 43 настапи за постигна два гола и седум асистенции.
Спорт
(Видео) Нестварен јубилеј на Кари, сезонски рекорд на Дончиќ

Уште една ноќ во долгата и успешна кариера на Стеф Кари, еден од најдобрите бекови на сите времиња, кој синоќа забележа значаен јубилеј.
Во победата на Голден Стејт над Сакраменто од 130:104, Кари стигна до бројката од 4.000 тројки во НБА, а мечот го заврши со 11 поени (4-9 од поле за 30 минути) и 5 асистенции.
„Тоа е бројка за која никогаш не размислував, сметав дека не е реално дури и кога стигнав до 2.974, што е бројка што ми значи најмногу затоа што тогаш го срушив рекордот“, рече Кари ден пред неговиот 37-ми роденден, Вориорс ја обезбедија победата во раната фаза, предводени од Дрејмонд Грин со 23 поени, додека пак Бади Хилд против поранешниот тим постигна 16 поени. Демар Дерозан постигна 23 поени за кралевите.
Лука Дончиќ постигна 45 поени (14-27 од поле), со 11 скока, 3 асистенции и 6 загубени топки, а неговите Лејкерси без Леброн Џејмс беа поразени во Милвоки со 126:106.
Јанис Адетокунмбо постигна 24 поени, 12 скока и 9 асистенции за Бакс, Брук Лопез постигна 23 поени, а Демијан Лилард 22 поени и 10 асистенции.
Коби Вајт постигна 31 поен во триумфот на Чикаго над Бруклин од 116:110, Орландо го декласираше Њу Орлеанс 113:93 (Банкеро 34п, Вагнер 27 – Вилијамсон 20), додека Вашингтон го совлада Детроит со 129:125 и покрај 38 поени од Кејд Канингем.
Спорт
Фенер го надомести минусот од Истанбул, па од Ренџерс испадна во пенал рулетот

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче.
Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата.
Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат третиот гол. Во финишот на второто продолженија во два наврати баар пенал, но судијата Ескас не се огласи.
Пенал серијата Ренџерс ја доби со 3:2. Ударите на Тадиќ и Фред во првата и четвртата серија ги одбрани Батланад, а во петтата Јандас шутираше над голот. Во редовите на Ренџерс само Хаџи не реализираше, Џан го одбрани неговиот удар.
Глазгов Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.