Спорт
Зидан ќе седне на француската клупа
Зинедин Зидан ќе седне на клупата на француската репрезентација по Светското првенство во 2026 година.
Според француските медиуми, славниот Зизу ќе го наследи својот поранешен соиграч Дидие Дешан, кој се повлекува од селекторската позиција.
Зидан не работел никаде од 2021 година, кога ја напушти клупата на Реал Мадрид, и никогаш не криел дека има голема желба да ја води репрезентацијата.
Како играч, тој веќе ја водеше Франција до светската круна, а сега ќе се обиде да го постигне истиот подвиг како тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кејн: Овој состав е еден од најдобрите во англиската историја
Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот состав е еден од најдобрите во историјата на „Гордиот Албион“ и дека ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство следната година.
„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот тренер (Томас Тухел), а сега се радуваме на она ѓто не чека во 2026 година. Мислам дека ова е најдобриот тим што некогаш сме го имале. Кога ќе го погледнете почетниот состав и клупата, мислам дека ќе бидеме еден од фаворитите на Светското првенство. Мораме да го прифатиме тоа. Тоа се случува веќе неколку турнири и е составен дел од играта“, рече Кејн по натпреварот со Албанија за британскиот ИТВ.
Фудбалерите на Англија ја победија селекцијата на Албанија со 2:0 во Тирана, во последниот натпревар од осмото коло од квалификациите за Групата К за Светското првенство.
Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи, со максимални 24 бода, со гол-разлика од 22:0.
Двата гола во победата над Албанија ги постигна 32-годишниот Кејн, кој сега има учинок од 78 гола за репрезентацијата на 112 одиграни натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Нестварно е во каква форма игра Ерлинг Халанд
Ерлинг Халанд продолжи да ги поместува границите и да ги руши сите можни рекорди.
Норвежанецот е најзаслужен за пласманот на својата репрезентација на Светското првенство, прво од 1998 година, бидејќи е убедливо најдобриот стрелец во квалификациите со дури 16 постигнати гола на осум натпревари.
Халанд веќе постигна 32 гола во сите натпреварувања за Сити и Норвешка оваа сезона, а сè уште е ноември.
Постои уште еден неверојатен факт, Халанд одигра 48 натпревари за репрезентацијата и постигна 55 гола.
Верувале или не, Халанд има ист број голови за Норвешка како и Килијан Мбапе за Франција, единствената разлика е што на Французинот му беа потребни 94 натпревари, речиси двојно повеќе од Норвежанецот.
Не е ни чудо што медиумите денес пишуваат за фактот дека Норвешка ќе биде потенцијално изненадување на Светското првенство следното лето.
Foto/ EPA
Спорт
Нигеријците испаднаа борбата за СП и ги обвинија ривалите дека користеле вуду магија
Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Ерик Челе, ги обвини играчите на ДР Конго дека користеле вуду магија за време на драматичното изведување на пенали во финалето на плејофот за Светското првенство.
ДР Конго победи со 4:3 откако натпреварот заврши 1:1, со што обезбеди место во Интерконтиненталниот плејоф и ја исфрли Нигерија од квалификациите.
Нигерија поведе во третата минута со голот на Френк Оњека, но Мешак Елија израмни за ДР Конго во 32-та минута. На крајот, пенал рулето реши која селекција ќе продолжи понатаму. Конгоанците беа поуспешни и обезбедија пласман во последната фаза од квалификациите за пласман на СП.
Откако Шансел Мбемба го постигна победничкиот пенал, Челе влезе во вербална расправија со неколку членови на стручниот штаб на ДР Конго, вклучувајќи го и селекторот Себастијан Десабре. Тензиите беа смирени од членовите на нигерискиот тренерски штаб.
Десабре го минимизираше инцидентот на прес-конференција, велејќи дека конфликтот „не бил проблем“. Сепак, на крајот од својот говор, Челе ги праша новинарите зошто никој не го спомна инцидентот и рече дека Конгоанците користеле врач.
Челе подоцна ги повтори обвинувањата додека шеташе низ медиумската зона: „За време на изведувањето на пенали, конгоанските играчи правеа вуду.“
Мавтајќи со раката, нигерискиот тренер ги имитираше наводните движења со рацете од конгоанската клупа, а потоа рече: „Не знам дали беше вода или нешто слично.“
Претставник на Фудбалската асоцијација на ДР Конго ги негираше тврдењата на Челе.

