Спорт
Зидан му удри „корпа“ на ПСЖ

Легендарниот Зинедин Зидан (49) реши дефинитивно да ја одбие понудата на францускиот шампион ПСЖ да ја преземе тренерската позиција од Маурицио Покетино.
Тимот од Париз со сите сили се обиде да го ангажира Зидан за тренер. Во изминатиов период челниците на клубот имале неколку состаноци со него, но Зизу им се заблагодарил на понудата.
Причините за одбивањето на понудата, која според медиумите била неверојатна, Зидан не сакал да се откаже од своите принципи.
Бидејќи е роден во Марсеј, луѓето во овој град би го прогласиле за предавник бидејќи големо е ривалството помеѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ. Исто така, еден од факторите почитта што ја има Зизу кон Реал Мадрид, поради што не сакал да тренира ниту еден друг клуб.
Сепак, медиумите тврдат дека најголемата причина за одбивање на понудата е репрезентацијата на Франција. Зидан по Светското првенство во Катар веројатно ќе стане нов селектор на Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кирјос во спектакуларен меч го елиминира Циципас, Надал го згази Сонего

Рафаел Надал и Ник Кирјос изборија пласман во осминафинаето на Вимблдон. Надал во третото коло го збриша Лоренцо Сонего, додека Кирјос по голема борба го победи Стефанос Циципас.
Рафаел Надал имаше полесен тренинг против 54. играч во светот. За нешто помалку од два часа Шпанецот победи со 6/1, 6/2, 6/4. Во осминафиналето Надал ќе игра против Ботик ван Зандшлуп од Холандија.
За разлика од овој меч, Киријос и Циципас водеа голема борба на теренот. По три часа и 11 минути победата му припадна на контроверзниот Австралиец.
Цицпас го доби првиот сет во тај-брејк, а потоа Кирјос ги освои наредните два со 6/4 и 6/3. Тај-брејкот во четвртиот сет му припадна на Кирјос со 9:7.
За пласман во четвртфиналето Кирјос ќе игра против Американецот Брендон Накашима.
Things are getting heated in the Kyrgios-Tsitsipas match at Wimbledon 😳 pic.twitter.com/F1H0l3SU2Y
— Action Network (@ActionNetworkHQ) July 2, 2022
Спорт
Ракометарите ќе се борат за медал на Медитеранските игри

Подмладената македонска ракометна репрезентација ќе се бори за медал на Медитеранските игри кои се одржуваат во Алжир.
Пласман во полуфиналето Македонија избори благодарение на убедливата победа на Шпанија над Алжир 31:19. Поради подобрата гол-разлика Македонија го освои второто место во Б-групата.
Македонија за противник во полуфиналето ќе го има Египет. Една од најсилните африкански репрезентации на Медитеранските игри ги користи како подготовка за Купот на Африка. Во второто полуфинале Шпанија ќе игра против Србија.
Македонија и Египет ќе играат в понеделник, од 14 часот.
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Спорт
Лапорта: Де Јонг ќе остане во Барселона

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, нема да може да ја повтори соработката со Френки де Јонг.
Јунајтед го сака Холанѓанецот, но фудбалерот неколку пати потенцираше дека сака да остане на „Ноу Камп“. 25-годишниот играч од средниот ред има силен договор со клубот до 2026 година.
Денеска на оваа тема зборуваше и Џоан Лапорта. Претседателот на клубот стави крај на оваа трансфер сага.
“Има клубови кои го сакаат, не само Јунајтед. Немаме намера да го продадеме, тој сака да остане. Френки го сметаат различни експерти за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот. Среќни сме што го имаме. Ќе направам се што е во моја моќ Френки да остане тука, но има проблем со платата што ќе треба да ја прилагодиме“, изјави Лапорта за шпанските медиуми.
Самиот Де Јонг во неколку наврати изјави дека е подготвен да ја намали платата за да му помогне на клубот.