Спорт
Зидан: Тоа што го видовме не беше добро

Реал Мадрид вчера со 3:1 го победи Еибар во својот прв натпревар по паузата поради коронавирусот. Реал прашањето на победникот го реши за 37 минути со головите на Крос, Рамос и Марсело.
И покрај победата, тренерот Зинедин Зидан не бил задоволен од изданието на неговите фудбалери.
„Не знам, ова е нешто ново, досега невидено, мораме да се навикнеме на ова. Не бевме добри во второто полувреме. Не знам дали проблем е нашата физичка подготвеност или во некој друг елемент, но не беше добро. Во првиот дел бевме добри, убедливи. Освоивме три важни поени, останаа уште десет натпревари“, рекол Зидан.
Тренерот на Реал веќе во 61. минута изврши четири од петте можни замени, веројатно поради тоа што не бил задоволен од играта на некои фудбалери.
„Можеби второто полувреме беше такво бидејќи во првото одигравме одлично, се опуштивме. Морав да правам измени. Карвахал го повреди глуждот, Рамос имаше некои мали проблеми, а Еден долго време не играше. Сепак, не верувам дека тоа беа измените што го решија мечот“, заклучил Зидан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ендрик од јануари во Јувентус?

Фудбалскиот клуб Јувентус интензивно работи на трансферот на талентираниот 19-годишен бразилски фудбалер Ендрик . Италијанските медиуми објавија дека Јувентус има намера да го пизајми Ендрик. Бразиелцот од почетокот на сезоната е закован за клупата кај тренеорт Чаби Алонсо.
Во интерес на Реал би било да го позајми играчот за да има континуитет на играње некаде, Јувентус сигурно би го поздравил неговиот квалитет, а Италијанецот Карло Анчелоти, инаку селектор на Бразил, би сакал Ендрик да игра што е можно повеќе за да ја одржи формата за Светското првенство следната година.
Минатата година, Ендрик дојде во Реал од бразилскиот Палмеирас, каде што играше одлично и постигна 18 голови на 66 лигашки настапи. Тој пристигна во Реал за 60 милиони евра, а досега одигра 22 натпревари во Ла Лига и беше стрелец само еднаш.
Јувентус моментално е петти на табелата во Серија А и оваа сезона, барем во првенството, повторно се мачи офанзивно. Тој постигна само девет гола на шест натпревари, па доаѓањето на Ендрик сигурно би ги зајакнало напаѓачките опции на клубот од Торино.
Во својата кариера, Ендрик одигра 14 натпревари за Бразил и постигна три гола.
Спорт
Сензационалниот победник во Шангај скокна 164 места на АТП-листата

Сензационалниот победник на Мастерсот во Шангај, Валентин Вашеро, забележа огромен скок на АТП листата, на која првото место и понатаму го држи Карлос Алкараз.
Вашеро играше квалификации во Шангај, на крајот си замина со трофејот во рацете и 1.000 поени.
Тенисерот од Монако, турнирот го започна како 204-ти во светот, а по завршувањето на Мастерсот се наоѓа на 40-то место.
Шпанецот Карлос Алкараз ја држи првата позиција со 11.340 поени, Италијанецот Јаник Синер е сè уште втор играч во светот со 10.000 поени, додека Александар Зверев е трет, а Тејлор Фриц е четврти. Петтата позиција ја задржа Новак Ѓоковиќ.
Шестиот тенисер на планетата е Бен Шелтон, по него следуваат Алекс Де Минор, Лоренцо Мусети, Џек Дрејпер и Карен Хачанов.
Спорт
(Видео) Бисума се врати по повредата, па по 15 секунди – повторно се повреди

Ив Бисума, репрезентативец на Мали, се повреди на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во кој неговата репрезентација го победи Мадагаскар со 4:1.
Бисума против Мадагаскар го одигра првиот натпревар од почетокот на сезоната, бидејќи долго отсуствуваше поради повреда на коленото. Во првиот натпревар во сезоната Бисума на теренот мина 15-20 секунди.
При резултатот од 3:0 за Мали, Бисума веднаш стигна до топката и токму кога се спремаше да поведе контранапад, следеше стартот на противникот, по што Бисума мораше да биде изнесен од теренот.
Засега нема проценки колку ќе паузира.
Бисума има договор со Тотенхем до крајот на сезоната, како што сега стојат работите тој ќе го напушти клубот.
Bissouma was stretchered off for Mali just seconds into his first appearance of the season, and was visibly distressed.
Get well soon, Biss 🤍❤️🩹 pic.twitter.com/oydQtSnB5C
— Spurs Insider (@SpursInsider183) October 12, 2025