Спорт
Зидан: Остваривме тимска победа

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, бил задоволен по победата над Севилја во Ла Лига. Според него заслугите за победата одат кај сите играчи.
Реал, иако не импресионира, ги користи киксовите на ривалите и по пет кола е на лидерската позиција заедно со Атлетико Билбао. Двата тима имаат по 11 бода.
„Презадоволен сум како одигравме. Во текот на целиот меч го контролиравме ритамот против исклучително тешкиот противник. Игравме сигурно во одбраната, се боревме цело време. Ова е вистинска тимска победа“, рекол Зидан.
Францускиот тренер дополнил дека мечот со Севилја бил најдобар што го одиграл Реал од неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стоичков и легендите на бугарскиот фудбал ќе им помагаат на повредените во трагијата во Кочани

Фондацијата „Национали 94“ од Бугарија составена од легендарните фудбалери Христо Сотичков, Красимир Балаков и Борислав Михаилов, кои беа дела од репрезентацијата на Мундијалот во 1994 година во САД, изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.
Пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“ ги однесе животите на 59 лица, а преку 150 се повредени.
„Трагедијата не бира ниту датум, ниту време. По неа останаа само солзи и неизлечива болка! Ние од Фондацијата „Национали 94“ сакаме да изразиме најискрено сочувство до семејствата на загинатите во Кочани. Фудбалот сите нас нѐ спријатели со луѓето од Македонија. Сега е најважно да им дадеме да им дадеме поддршка. Се молиме за повредените. Бог да биде со нив!“, се вели во соопштението.
Фондацијата „Национали 94“, најави е и финансиска помош и донација за погодените семејства во трагедијата во Кочани.
Спорт
Лајпциг бара 80 милиони евра за Чави Симонс

Играчот од средниот ред Чави Симонс е подготвен да го напушти Лајпциг, а германскиот клуб е подготвен за преговори.
Новинарот Флоријан Плетенберг денеска откри дека Лајпциг бара 80 милиони евра за неговиот трансфер.
Лајпциг оваа зима го откупи договорот на Чави Симонс од ПСЖ за 50 милиони евра и очекува добра добивка од најмалку 30 милиони евра.
Чави Симонс пристигна во Лајпциг на позајмица во летото 2023 година, подоцна не сакаше да се врати во Париз, па ПСЖ во јануари го продаде на Германците.
Тој е „дете“ на Барселона, но како тинејџер замина во ПСЖ на слободен трансфер во 2019 година.
Тој летово беше поврзуван со Баерн Минхен, но се споменуваа и некои премиерлигаши.
Симонс може да игра на неколку позиции во нападот и средниот ред, останува да се види кој ќе плати 80 милиони евра за неговиот потпис.
Спорт
Јанелт ќе игра за Босна и Херцеговина

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина успеа да извојува голема административна победа.
Во овој квалификациски циклус Витали Јанелт ќе може да го носи дресот на оваа репрезентација.
Овој фудбалер кој е роден во Германија, поточно во Хамбург во 1998 година, до моментот кога се оженил за Босанка нема никаква врска со Босна и тоа било доволна причина да добие државјанство.
Тој нема да биде во составот за стартот на мундијалските квалификации против Романија и Кипар, но Германецот треба да го облече дресот на БиХ веќе во јуни, на натпреварите против Сан Марино и Словенија.
Јанелт е играч на Брентфорд и оваа сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата.
Според веб-страницата „Трансфермаркт“, вредноста на новиот фудбалер на Босна и Херцеговина се проценува на 22 милиони евра.