Спорт
Зидан: Секогаш ќе велат Реал е богаташки, а Атлетико работнички тим

Зинедин Зидан нема сомнеж дека репутацијата на Реал Мадрид како на богат клуб и на Атлетико Мадрид како на работнички тим нема да исчезне наскоро, но додава дека реалноста пред саботното дерби на „Ванда Метрополитано“ е понаква.
„Нема да навлегувам во таа тема. Но, ќе кажам дека и луѓето во Реал Мадрид работат исто толку напорно, како и во Атлетико, иако луѓето ќе кажат дека ние сме богаташки клуб, а тие се работнички клуб. Нема да го сменам тоа. Знаеме дека навивачите на Реал Мадрид сакаат да бидат горди на своите фудбалери и тоа ќе се обидеме да го направиме бидејќи е наша одговорност“, вели Зидан.
Дербито на Мадрид секогаш предизвикува контроверзи поради интензитетот, но Зидан вели дека всушност се работи за само уште еден меч.
„Имаме меч кој саскаме да го добиеме. Ќе биде тешко, бидејќи противникот е силен. Но, потоа, следната недела ќе имаме друг меч“, објаснува Французинот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.