Спорт
Зинченко благодарен на Уфа, но не сака ниту да го спомене името Русија

Ѕвездата на Арсенал и на украинската репрезентација, Олександер Зинченко вели дека воопшто не може да го изговори името на Русија по 13-месечната војна во Украина, и покрај тоа што дел од својата кариера играше токму во Руската Премиерлига.
„Не сакам ниту да им го изговорам името. Само ќе кажам ‘терористичка земја’. Не сакам да зборувам за нив. Воопшто“, вели Зинченко во интервју за „Дејли мејл“.
26-годишниот Зинченко во 2014 година заедно со својата мајка се пресели токму во Русија по војната во Донбас, раскинувајќи го договорот со Шахтјор Доњецк, каде што беше од својата 11-та година. Следните пет-шест месеци тој играше фудбал за повеќе аматерски клубови во Москва, пред во февруари 2015 година да потпише со прволигашот Уфа. Само година и пол подоцна, во јули 2016 година, Манчестер сити го купија од Уфа, за минатата сезона да направи трансфер во Арсенал.
„Благодарен сум за тоа што го направија Уфа за мене. Но, по терористичката инвазија, не сакаам да имам никакви сеќавања од тоа време. Не сакам да слушнам ништо за таа земја. Зошто? Бидејќи секој ден Украинците умираат поради нив, поради нивните бомби. Нема човек во Украина кој не загубил нешто. Војната влијаеше на сите нас и нашите умови се целосно сменети од тој момент. За жал, дел од нас почнаа да се навикнуваат. Уште не ја губиме надежта дека во иднината ќе биде подобро“, додава Зинченко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

„Брера Холдингс“, неодамна купи 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев. Новиот газда го повлече првиот конкретен чекор од превземањето на клубот, го смени името. Од наредната сезона клубот ќе настапува под името „Брера Струмица“.
„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.
Со клубот влезе во подготвките за новата сезоната. Најпрвин во клубот ќе пристигне нов тренер, откако од клубот си замина Александар Васоски.
Македонската легенда, Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.
Спорт
Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Манчестер јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од услугите на Хари Мегваер. Клубот е подготвен да го исплати Мегваер за тој да го напушти клубот.
Во 2019 година, Хари Мегваер пристигна во Манчестер јунајтед од Лестер за рекордни 80 милиони фунти. Сепак, престојот на најскапиот дефанзивец на светот на „Олд Трафорд“ се претвори во вистински кошмар од кој немаше излез.
Правеше комични грешки, стана предмет на потсмев ширум светот, а навивачите дури му се закануваа со бомби доколку не го напушти клубот.
Сепак, тој и покрај се остана во клубот. Тој има уште две години од договорот вреден 190.000 фунти неделно, но Манчестер јунајтед има намера да се ослободи од него веќе на крајот на сезоната.
Клубот на 30. годишниот дефанзивец ќе му понуди 10 милиони фунти за раскин на договорот. Ќе добие пари и ќе може да го напушти клубот без обесштетување.
Понудата е на маса. Сега се чека одговорот на Мегваер, но проблемот е што тој претходно изјави дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да се бори за своето место во тимот.
Оваа сезона, Мегваер започна само 16 од 61 натпревар на „црвените ѓаволи“. Се шпекулира дека тој би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.
Хари Мегваер одигра вкупно 175 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.
Спорт
Монти Вилијамс се договорил со Детроит Пистонс

Монти Вилијамс ќе биде новиот тренер на Детроит Пистонс.
Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, објави дека Вилијамс се согласил на шестгодишен договор вреден 78,5 милиони долари.
Наводно, тоа е најголемиот тренерски договор во историјата на НБА.
Вилијамс (51), пред три недели беше отпуштен од Феникс Санс, по елиминацијата во полуфиналето во плејофот од Денвер Нагетс. Вилијамс четири сезоно го предводеше Феникс.
Вилијамс беше прогласен за тренер на годината во НБА во 2022 година, а во Детроит ќе го замени Двејн Кејси.