Спорт
Зиркзе од Дизниленд ќе ѝ се приклучи на Холандија

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман одлучи да го повика Џошуа Зиркзе во репрезентацијата на претстојното Европско првенство во Германија.
Во соопштението се наведува дека Зиркзе, во текот на денот ќе и се приклучи на холандската репрезентација во базата во Волфсбург.
Зиркзе (23) е член на Болоња, а ги помина сите младински селекции на Холандија. Тој се уште не дебитирал за сениорската репрезентација.
Во изминатата сезона, тој постигна 12 гола со седум асистенции во 37 натпревари за Болоња,
Холандија има проблеми со повреди на играчите, бидејќи Френки де Јонг и Теун Копмајнерс нема да играат на ЕП.
Куман претходно го покани Јан Матсен во селекцијата на Холандија.
Селекторот повика Зиркзе откако напаѓачот Брајан Бробај се повредил на последниот тренинг.
Младиот фудбалер ја добил поканата додека бил во посета на Дизниленд за време на неговиот одмор на Флорида.
ЕУРО 2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија, а Холандија ќе биде во групата Д со Полска, Австрија и Франција.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 13, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Два европски гиганти: Спектаклот помеѓу Партизан и Панатинаикос е потврден

Партизан и Панатинаикос ќе ги вкрстат копјата на пријателски натпревар во Австралија во септември 2025 година, официјално е потврдено.
Како што претходно беше најавено, Партизан и Панатинаикос ќе го продолжат своето пријателство и ќе бидат главни актери на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, именуван по поранешниот сопственик на „зелените“.
Сега е официјално потврдено, а турнирот, на кој ќе настапат и Сиднеј Кингс и Аделejd 36ерс, ќе се одржи од 18 до 22 септември оваа година во Мелбурн и Сиднеј.
„Два европски гиганти. Два австралиски предизвикувачи“, објави ПАО во соопштението за настанот.
„Ова е неверојатен момент за НБЛ (Австралиската кошаркарска лига) и кошаркарските фанови во Австралија. Да се натпреваруваат два од најголемите европски тима на турнир од ваков калибар, заедно со два од најголемите австралиски клуба, е одраз на репутацијата што НБЛ ја стекнува на глобално ниво, но исто така го нагласува растечкиот интерес што Австралијците го имаат за играта“, рече Никола Миливојевиќ, директор на НБЛ.
Партизан и Панатинаикос прво треба да одиграат пријателски натпревар на 18 септември на арената „Џон Кејн“ во Мелбурн, а потоа да учествуваат на турнирот со „Кингс“ и „36ерс“ на арената „Кудос Банк“ во Сиднеј на 21 и 22.
Спорт
Кошаркар на Монако загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од натпревар
Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај.
Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција.
Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои моментално се на лекување (тренерот, тројца играчи и возачот).
Како одговор на оваа трагедија, на натпреварот помеѓу првиот тим на Монако и Бурж ќе се одржи минута молчење.
„Во овие трагични околности, претседателот на клубот и другите членови изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот, а исто така се со сите повредени“, се вели во соопштението на Монако.
Спорт
Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите со победа на Галатасарај

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град.
Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 асистенции, Кендрик Пери додаде 13 со 4 скока и 3 асистенции, а 13 и 11 скокови имаше Тајсон Перес, додека Тајлер Калиноски имаше 11 поени и исто така беше двоцифрен.
На другата страна, имаше 14 поени на Тајрон Валас, а толку имаше и Вил Каминџ, додека 12 запиша Робертс Блумберг, а Џејмс Палмер 11 со по 4 скока и асистенции.