Спорт
Златан се врати во Шведска
Италијанските медиуми објавија дека Златан Ибрахимовиќ се вратил во Шведска за третман за повредата на мускулот на ногата на тренинзите со Милан.
Според „Скај спорт Италија“, клубот му дозволил на 38-годишниот ветеран да го напушти тренингот и тој ова попладне се вратил во својата татковина. Првите прогнози велат дека Швеѓанецот го очекува пауза од еден месец, но првичните вести за скината ахилова тетива се покажаа како неточни.
Во клубот очекуваат тој да се врати во Милано следната недела, кога повторно ќе мора да оди во карантин пред да му биде дозволено да се врати на тренинг. Неговата иднина по крајот на сезоната во Серија А останува неизвесна и многумина очекуваат тој да се врати во Шведска во клубот каде што е делумен сопственик, Хамарби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор.
Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми.
По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.
„Во моментот кога ќе се вратат по три дена одмор, сакам да видам како се. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.
Предупредувањето беше недвосмислено:
„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Тој ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотингем“
Пристапот на Гвардиола кон подготвеноста на играчите е добро познат. Во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинзите на првиот тим додека не ја достигнат својата оптимална тежина.
Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како познатиот Каталонец им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.
Foto/ Depositphotos
Спорт
ФФМ го назначи Гоце Седлоски е нов селектор на фудбалската репрезентација
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да го назначи Гоце Седлоски за нов селектор на националнит тим.
Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ), Горан Пандев ( директор на Национални репрезентации), Николче Новески (раководител на Скаутинг службата на ФФМ), Агим Ибраими (член на Управниот одбор на ФФМ) и Марјан Стојковски (потпретседател на ФФМ).
Гоце Седлоски е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на македонскиот фудбал. Како фудбалер, поранешниот репрезентативен капитен оствари 100 настапи и постигна осум голови за националниот тим, со што останува првиот македонски фудбалер кој запишал 100 настапи за репрезентацијата.
Седлоски има и претходно искуство во стручниот штаб на националниот тим. Во август 2012 година ја водеше македонската репрезентација како в.д. селектор на пријателскиот натпревар против Литванија во Скопје (1:0).
Во својата тренерска кариера, Гоце Седлоски работеше како асистент и в.д. селектор на Македонија, а на клупско ниво ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички.
Во досегашната тренерска кариера, Седлоски освои три шампионски титули, со ФК Вардар во сезоните 2015/16 и 2016/17, со ФК Шкупи во сезоната 2021/22, како и Куп титула со ФК Вардар во сезоната 2024/25.
Како фудбалер, имаше богата кариера настапувајќи за повеќе клубови во Македонија и странство.
Своите професионални чекори ги започна во Братство Горно Коњари и Питу Гули Крушево, по што настапуваше за Победа Прилеп, каде го привлече вниманието со своите настапи. Кариерата ја продолжи во Хајдук Сплит и Динамо Загреб во Хрватска. Седлоски, воедно е прв странец кој ја носел капитенската лента на Динамо Загреб.
Потоа настапуваше за Шефилд Венздеј во Англија. Интернационалното искуство го надополни со настапи во Вегалта Сендаи (Јапонија), Дијарбакирспор (Турција) и Матерсбург (Австрија).
Фудбалската федерација на Македонија верува дека искуството, авторитетот и длабокото познавање на македонскиот фудбал на Гоце Седлоски ќе придонесат за стабилност, континуитет и напредок на националниот тим во претстојниот период.
Официјалната промоција на Гоце Седлоски за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија е закажана за утре, со почеток во 11:30 часот, во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Извор/ ФФМ, Фото/ архива Топспорт
Спорт
Јунајтед еден месец ќе бидат без капитенот
Манчестер Јунајтед вчера во Бирмингем, доживеа пораз од Астон Вила (2:1) и остана без капитенот Бруно Фернандеш.
Португалецот се повреди во финишот на првото полувреме, остана на теренот, но не се појави во второто полувреме.
Менаџерот, Рубен Аморим, по натпреварот откри дека Бруно е повреден, дека ќе отсуствува одреден период. Според англиските медиуми, Португалецот ќе паузира најмалку еден месец. што значи дека ќе пропушти седум натпревари.
Повредата на Буруно дополнително ги зголеми проблемите на менаџерот Аморим, кој во моментов не може да смета на Брајан Мбеумо, Амад Дијало и Нусаир Мазрауи, кои се со националните тимови на Африканскиот куп на нации.
Foto/ depositphotos

