Спорт
Зверев доби ќерка, ама екс-девојка му одлучи да ја расте сама!

Германскиот тенисер, Александер Зверев и неговата екс-партнерка Бренда Патеа станаа родители. Патеа на свет донесе девојче, а како што најави, таа ќерка си ќе ја расте самата затоа што се раздели од тенисерот кого минатата година го обвини за физичко и психичко злоставување.
„11.03 благословени сме со доаѓањето на Мајла“ напиша 27-годишната манекенка на Инстаграм и сподели фотографија на која таа ја држи новородената ќерка за рака:
Александер и Бренда раскинаа во август минатата година по повеќе од една година забавување и судејќи по се, не останале во добри односи.
Манекенката неодамна јасно стави до знаење зошто не сака да го одледува детето заедно со познатиот тенисер.
„Имавме различни погледи на животот и се раздвоивме. Секој кој живее со професионален спортист мора да се прилагоди на поинаков начин на живот“ рече Патеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Рома среќно победи во Фиренца и ја продлабочи кризата на Фиорентина

Фудбалерите на Рома ја победија Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“ со 2:1, во натпреварот од шестото коло на Серија А.
Екипата на Џанпјеро Гасперини оствари победа по пресвртот во првото полувреме, а некако успеа да ја одбрани победата во вториот дел.
Кен им донесе водство на „виолетовите“ во 14-та минута, но „волчицата“ набрзо возврати и, како што се покажа, го обезбеди триумфот. Изедначи Суле во 22-та минута и Кристанте во 30-та минута.
Српскиот голман Миле Свилар имаше голема среќа во продолжението, бидејќи домашните ја погодија стативата и пречката, а одлична шанса во финишот пропушти Госенс, кој шутираше многу лошо од неколку метри.
Рома повторно се искачи на врвот на табелата со 15 бода, но и натпревар повеќе од Милан и Наполи, кои, исто како и Интер, имаат по 12 бода.
Фиорентина сè уште чека на својата прва победа во сезоната. Тие моментално се наоѓаат на 17-то место на табелата со три бода.
Во истиот период, Болоња ја декласираше Пиза со резултат од 4:0.
Сè беше решено веќе во првото полувреме, откако Камбијаџи постигна гол во 24-та, Моро во 38-та и Орсолини во 40-та минута.
Точка на натпреварот стави Одгар во 53-та минута, за 10-от бод на Болоња оваа сезона. Пиза, која играше со десет играчи поголемиот дел од натпреварот, остана на дното со само два бода.
Спорт
Расел рутински победи во Сингапур, Ферстапен заврши пред возачите на Мекларен

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот ја забележа втората победа оваа сезона (петта во кариерата), прва по Големата награда на Канада.
Џорџ Расел, во победа го претвори брлијантниот крг в квалификации и рутински славеше на „Марина Беј“. Британецот создаде предност од 10 секунди во првите 15 кругови, а потоа не форсираше и дојде до победата.
Зад него се пласираа Макс Ферстапен и Ландо Норис.
Норис избори место на подиумот благодарение на добриот старт, кога успеа да се пробие од петтата на третата позиција. На самиот почеток имаше близок контакт со тмскиот колега Оскар Пјастри.
Пјастри на крајот заврши на четвртото место, пред Андреа Кими Антонели од Мерцедес, возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо од Астон Мартин, односно Оли Берман (Хас) и Карлос Саинц (Вилијамс).
Покрај Расел, во Сингапур слави и тимот на Мекларен. Папаја тимот ја одбрани титулата во конкуренција на конструкторите.
Пјастри ја задржа предноста во генералниот пласман има 22 поени повеќе од Норис и 63 од Ферстепен.
Следната трка за две недели се вози во Тексас.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ се мачеше но успеа да го победи Ханфман во Шангај

Новак Ѓоковиќ вложи многу труд и на крајот успеа да се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Шангај. Србинот, во третата рунда го победи Јаник Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3.
Новак Ѓоковиќ десет гема се мачеше во сервис гемовите на Јаник Ханфман, 150-от тенисер во светот. Германецот не му дозволи на Ѓоковиќ ниту една брејк топка.
Кога Новак ја создаде првата, во 12-от гем во втроиот сет, тој ја презеде контролата врз мечот и се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај.
Германецот во првиот сет искористи брејк топка во петтиот гем, што му беше доволно да го освои сетот. Откако Ѓоковиќ успеа да изедначи, во решаваќкиот сет клучен беше брејкот во четвртиот гем.
Ѓоковиќ во следната рунда за противник го има Хауме Мунар, кој беше подобар од Јошихито Нишиока. Доколку Новак слави, во четвртфиналето го чека подобриот од дуелот Дијало-Бергс.
Foto/ EPA