Спорт
Зверев продолжува со маршот во Њујорк
Четвртиот носител и минатогодишен финалист од САД опен, Александер Зверев, продолжи со одличната игра на последниот календарски гренд слем пласирајќи се во четврт-финалето по 6:4/6:4/7:6(6) победата над италијанскиот талент Јаник Синер. Во четврт-финалето, еден од најголемите фаворити за титулата, Зверев, ќе игра со подобриот од мечот меѓу Американецот Рејли Опелка и Јужноафриканецот Рајан Херис.
Зверев направи брејк во петтиот гем, што беше доволно да го освои вториот сет, за потоа и во вториот во клучен момент на 4:4, да повторно направи брејк за водство од 2:0. Синер, еден од најталентираните млади тенисери на светот, не дозволи брејк во третиот сет по што во тај-брејкот имаше 6:5 водство пред да го загуби мечот.
Во четврт-финалето е и Швајцарката Белинда Бенчич, која со 7:6(12)/6:3 ја победи полската тенисерка Ига Швјонтек по 2 часа и 10 минути борба. Првиот сет беше епски – Бенчич имаше предност од еден брејк за потоа на 5:4 да загуби брејк и да се отиде во тај-брејк. Швјонтек имаше 5:2 предност по што Бенчич поведе со 6:5, но го зеде сетот дури со 14:12. Во вториот сет ѝ беше доволен еден брејк за победа. Во четврт-финалето таа ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Американката Шелби Роџерс и Британката Ема Радучану.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

