Спорт
Зверев со нов демант за малтретирањето на Оља Шарипова
Пред настапот на АТП финалето во Лондон, германската тениска ѕвезда Александер Зверев уште еднаш ги демантираше обвинувањата за домашно насилство од неговата поранешна девојка, Оља Шарипова.
Шарипова во интервју за магазинот „Рекет“ тврдеше дека Зверев ја удирал и вербално малтретирал и дека таа имала обид за самоубиство по инцидент на минатогодишниот Лејвер куп во Женева. Таа претходно изјавуваше дека Зверев се обидел да ја задуши со перница пред САД опен во 2019 и ја удирал нејзината глава во ѕид.
Зверев одговори преку социјалните мрежи велејќи дека обвинувањата „едноставно не се точни“, но не можеше да остане без одговор на прашањата пред настапот на турнирот за најдобрите осум тенисери во Лондон.
„Многумина ме прашуваа зошто не кажувам ништо и ја држам устата затворена. Жалам што се направија вакви обвинувања, но останувам на мојот првичен одговор, дека не се вистина и ќе продолжам да ги демантирам. Во нашата врска имавме убави и лоши работи, но начинот на кој се опишува нашата врска во јавноста не е вистинита. Јас не сум тој, и не сум воспитан така. Знам дека има влијание на тенисот, на надворешниот свет и жалам што фокусот се тргнува од тенисот“, вели Зверев.
Зверев на поранешната девојка и велел: Јас заработувам, ти си никој и ништо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рома рутински го победи Кремонезе
Фудбалерите на Рома го победија Кремонезе со 3:0 (0:0) во натпреварот од 26-то коло од италијанското првенство.
Со оваа победа, Рома стигна до третото место на табелата – прескокнувајќи го актуелниот шампион Наполи, кој претходно загуби од Аталанта.
Рома беше доминантна во текот на целиот натпревар, но отпорот на гостите го скрши во второто полувреме кога головите ги постигнаа Кристанте, Ндика и Пизили.
Foto/ EPA
Спорт
Затворени ЗОИ во Милано и Кортина – Норвешка најсуспешна нација
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина беа затворени, со свечена церемонија во Верона.
Во согласност со Олимписката повелба, церемонијата на затворање ги комбинираше протоколарниот и културниот сегмент од програмата.
Ова се првите Олимписки игри чија церемонија на затворање се одржува за време на мандатот на претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри.
Градот Верона беше избран за домаќин на церемонијата, иако таму не се одржаа натпревари. Намерно беше избрана локација што потсетува на атмосферата на античките Олимписки игри.
Античкиот римски амфитеатар во Верона, познат по својот летен оперски фестивал и бројни културни настани, ќе биде домаќин и на церемонијата на отворање на Параолимписките Зимски игри на 6 март 2026 година.

Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Кирсти Ковентри ги прогласи Олимписките игри за затворени.
„Драги пријатели, со ова ги прогласувам Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026 за затворени. Во согласност со традицијата, ги поканувам младите од светот, како сите вас тука вечерва, да се собереме по четири години во Француските Алпи за да ги прославиме заедно 26-те Зимски олимписки игри. Се гледаме во 2030 година“, рече Ковентри.
На Зимските олимписки игри во Милано Кортина 2026, се натпреваруваа околу 2.871 спортисти од 92 земји, во 116 олимписки дисциплини во 16 спортови, а Игрите траеја од 6 до 22 февруари 2026 година.

Норвешкиот скијач Јоханес Хосфлот Клебо стана првиот натпреварувач во историјата на Зимските олимписки игри што освои шест златни медали на едни Игри, надминувајќи го рекордот на Ерик Хајден поставен во 1980 година, за вкупно 11 олимписки златни медали во неговата кариера – што го прави еден од најголемите зимски натпреварувачи на сите времиња.
Норвешка е најуспешната нација со 40 медали, од нив 18 се златни, а по 11 сребрени и бронзени.
САД го поставија својот рекорд за најмногу златни медали на едни Олимписки игри, освојувајќи најмалку 11 златни медали, вклучувајќи историско злато во машки хокеј по 46 години.
Скијачкото планинарење го имаше своето деби на Игрите како нов олимписки спорт.
Игрите се одржаа во повеќе градови и локации низ северна Италија, што ги прави едни од најобемните ЗИО во историјата.
Учеството на жените достигна највисоко ниво досега, со околу 47% од спортистите меѓу сите учесници на Игрите.
Спорт
Басконија го освои Купот на Кралот
Кошаркарите на Басконија го освоија овогодинешниот Куп на Кралот, во големото финале на завршниот турнир во Валенсија го победија Реал Мадрид со 100.89.
По голема драма, Басконија, која е на самото дно во Евролигата, успеа да го победи „кралот“ и да го освои трофејот.
Реал имаше и двоцифрена предност, 40:30 во вториот дел, +8 во третиот и +7 на почетокот на четвртиот.
Сепак, Басконија на крилата на Тимоти Луваву, Трент Форест и конечно Маркус Хауард успеа да направи пресврт.
Луваву беше најефикасен со 28 поени, 23 постигна Омороји, додека Трент Форест се надоврза со дабл-дабл од 22 поени и 10 асистенции, со дури девет скока.
Во тимот на Реал, Андрес Фелиз и Марио Хезоња имаа по 15, Факундо Кампацо постигна 14, а Тео Маледон 12 поени.
Басконија стигна до седмиот трофеј во Купот на Кралот во својата историја.

