Спорт
Звезда и Партизан без голови на теренот, многу бурно на трибините (видео)
Во 162. вечно белградско дерби, Црвена звезда и Партизан одиграа 0:0, за „црвено-белите“ да ја заддржат предноста на првото место на табелата на 11 поени, во меч во кој повеќето работи се случуваа на трибините на „Рајко Митиќ“ – тепачки меѓу навивачите, фрлање факли, мал пожар…
Во првиот меч на поранешните соиграчи од репрезентацијата, Саво Милошевиќ (Партизан) и Дејан Станковиќ (Звезда) како тренери на ривалите, немаше многу атрактивен фудбал и уште помалку акции пред голот на двата тима.
Пред мечот, навивачите беа во елемент – прво двете фракции на „Гробарите“ се тепаа меѓу себе, за на почетокот на второто полувреме да предизвикаат прекин со огнената кореографија, а во текот на второто полувреме имаше и мал пожар на овој дел од трибините, каде што беа запалени дел од столчињата.
По паузата во 52. минута поради чадот на стадионот, десетина минути подоцна и „Делиите“ предизвикаа прекин поради огнометот.
Nova bakljada na 162. #derbi vatromet #delije na severu "Mitića" @crvenazvezdafk @FKPartizanBG @SuperLigaSrbija pic.twitter.com/mfZ5h5OFFB
— B92 Sport (@b92sport) March 1, 2020
Prekid #derbi zbog bakljade #grobari @FKPartizanBG @crvenazvezdafk @SuperLigaSrbija pic.twitter.com/zwRjpfl3l0
— Aleksandar Kovačević (@RajvosaLex) March 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крос: Многу пати му кажав на Винисиус да го смени однесувањето
Тони Крос се осврна на однесувањето на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Винисиус, и призна дека ги разбира критиките упатени кон него.
Кроос истакна дека „жешката глава“ на Бразилецот понекогаш може да биде иритирачка, потсетувајќи на неодамнешниот инцидент кога Винисиус реагираше бурно на замена за време на Ел Класико против Барселона.
Германецот откри дека дури и за време на нивните заеднички денови во Мадрид, честопати се обидувал да го смири Бразилецот бидејќи верувал дека таквото однесување му штети на целиот тим.
„Многу пати му кажав дека е доста, бидејќи се добива чувство дека поради неговото однесување тимот на крајот страда. Разбирливо е што може да го иритира противникот, судијата или публиката“, изјави 35-годишниот Крос за шпански „АС“ и додаде:
„Како тим, се добиваш чувство дека сè работи против групата поради она што се случува околу него. Многу пати се обидував да го смирам на теренот, особено да не ја изгуби смиреноста, бидејќи понекогаш тоа се случуваше. Секогаш му велев: „Толку си добар што не ти треба сето тоа“.“
Спорт
Барселона му забранла на Левандовски да постигнува голови
Делови од неодамна објавената биографија на Роберт Левандовски во Полска го привлекоа вниманието на европската фудбалска јавност.
Во книгата, авторот Себастијан Сташевски тврди дека Барселона се обидела да влијае врз својот напаѓач на крајот од сезоната 2022/23 за да избегне исплата на договорениот бонус на Баерн.
Имено, во периодот кога Барселона веќе ја обезбедила титулата, Левандовски имал состанок со неколку членови на одборот, вклучувајќи го и претседателот Џоан Лапорта.
Полјакот тогаш водеше во трката за најдобар стрелец во Ла Лига со 23 гола, но еден од членовите на одборот наводно го замолил да „престане да постигнува голови во последните две кола“.
Причината, според авторот, била клаузула во договорот со Баерн, која ја обврзувала Барселона да плати 2,5 милиони евра ако Левандовски постигне 25 гола во својата прва сезона во Шпанија.
Левандовски ги одигра двата преостанати натпревари таа сезона, но не постигна ниту еден гол, и покрај тоа што остана на теренот цели 90 минути. Сепак, тој го заврши првенството како најдобар стрелец и ја освои наградата Пичичи, пред Карим Бензема.
Спорт
Шпанците се кралеви во квалификациите за светските првенства
Шпанија триумфално заврши уште еден квалификациски циклус за пласман на Светското првенство.
Актуелните европски шампиони, рутински ја поминаа групата каде што беа и Турција, Грузија и Бугарија, примија само два гола и постигнаа најмалку еден гол на секој натпревар, вкупно 21 постигнати.
Она што вреди да се напомене е дека тие продолжија да рушат рекорди во квалификациите за Светското првенство.
Еве ги рекордите:
Тие се во серија од 49 натпревари во кои постигнале барем еден гол во квалификациите, што е светски рекорд.
Тие го израмнија европскиот рекорд по бројот на натпревари во кои не се поразени (25 победи и 6 нерешени), сега се на котата 31 заедно со Италијанците (серија од 2018 до 2021 година). Светскиот рекорд го држи Бразил со 33 последователни натпревари.
Шпанија е единствената репрезентација која никогаш не изгубила натпревар дома во квалификациите за Светското првенство, тие имаат 54 победи и 10 нерешени.
Foto/ EPA

