Спорт
Звезда по драматични продолженија ги урна „Армејците“!

Црвена звезда првпат од 2016 година успеа да ја победи ЦСКА Москва со 86:84 по драматични продолженија во Белград за да го поправи скорот во Евролигата на 2-2, додека „Армејците“ паднаа на 2-3.
ЦСКА Москва имаше периоди во кои доминираше во играта, на крајот Звезда славеше. Дејан Давидовац постигна тројка, па два поени за да донесе 71:70 водство на Звезда на минута пред крајот, по што Џордан Лојд имаше две слободни фрлања пред Даниел Хакет да врати со тројка и да примора продолжувања. Лојд на крајот на 54 секунди пред крајот ан продолжението донесе победа за белградскиот клуб.
Лојд имаше партија на кариерата со 29 поени, додека Кори Валден додаде 12, а Марко Јагодиќ 11 за Звезда.
Во Атина пак, Панатинаикос предводен од Немања Недовиќ и неговите 28 поени (од седум тројки), стигна до импресивна 82:68 победа над Фенербахче. Лоренцо Браун постигна 17 поени, а Ахмет Дувериоглу 15 за Фенер, чиј тренер Игор Кокошков беше исфрлен во првото полувреме поради две технички грешки.
ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО
Панатинаикос – Фенербахче 82:68 (22:13, 15:17, 25:26, 20:12)
Жалгирис Каунас – Валенсија 82:94 (27:22, 18:15, 12:30, 25:27)
Црвена звезда – ЦСКА Москва 86:84 (18:20, 17:23, 11:8, 27:22, 13:11)
Зенит Санкт Петерсбург – Милано, одложено
Алба Берлин – Басконија, одложено
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Милан во слободен пад, загуби и во Болоња

Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години.
Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел.
Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе и се наоѓа на шестата позиција.
Во следното коло тимот од Милано на домашен терен игра против Лацио, додека Болоња ќе му гостува на Каљари.
Спорт
Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.
Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.
Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.
Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.
Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.
Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.
Спорт
Убедлив пораз на пелистер во Берлин

Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз во Берлин од Фуксе (39:29) во претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Со овој пораз македонскиот шампион остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Фуксе ја оправда улогата на апослутен фаворит. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по само десет минути игра кога домашниот тим дојде до водство 7:1. Пелистер до крајот на првиот дел успеа да истопи дел од предноста, но во вториот дел немаше сили да одговори на ритамот на Фуксе.
Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Шебиб постигна шест. Кај Фуксе Ландоф и Гидсел дадоа по девет.
Пелистер во последното коло го пречекува ПСЖ.