Спорт
Потпишан договорот за реконструкција на стадионот во Чаир

Општина Чаир потпиша договор со компанијата „Флуид Проект“ за реализација на проектот за реконструкција на стадионот во Чаир.
Проектот предвидува поставување на вештачка трева од најнова генерација, сертифицирана според меѓународни стандарди, како и унапредување на придружната инфраструктура, вклучително и системот за осветлување, дренажа и дополнителни елементи за безбедност и функционалност наменети за спортистите и публиката.
Градежните активности се очекува да траат од 45 до 60 дена, со цел стадионот да биде подготвен за претстојната спортска сезона и да обезбеди современи и безбедни услови за младите и спортските клубови што делуваат на територија на Општина Чаир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хапоел го потврди трансферот на Брајант

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот.
Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони.
Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување.
Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, минатата сезона забележа 13,9 поени, 4,2 скока и 3,2 асистенции во Евролигата, со дури 1,2 украдени топки по натпревар.
Според медиумите Брајат годишно ќе заработува 2,8 милиони евра.
Спорт
Зошто Роналдо не беше на погребот на Жота?
Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари.
Се очекуваше легендарниот напаѓач, капитенот на португалската репрезентација и соиграч на Жота во националниот тим, да биде присутен, но тоа не се случи.
Најверојатната верзија за неговото непојавување беше дека не сакал да привлече внимание кон себе и со тоа да ја изгуби смислата на тажното собирање.
Во исто време, сепак, има информации дека Роналдо контактирал со семејството на Жота и им кажал дека сака финансиски да ги поддржи децата на покојниот ас на Ливерпул.
Кристијано, трогнат од трагедијата, вети дека ќе се грижи за образованието на трите деца што ги остави Жота зад себе. Со својата долгогодишна партнерка Рут Кардосо, тој има две ќерки (четири и две години) и син кој има само седум месеци.
Браќата Диого Жота и Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија, а беа погребани во катедралата во Гондомар.
Спорт
Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза.
Најстрашниот момент од натпреварот се случи во третата минута од судиското продолжение. Донарума ја зеде топката пред Мусијала, но и падна врз него. Германецот беше сериозно повреден и мораше да го напушти натпреварот, а италијанскиот голман беше во солзи. Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер, го критикуваше Донарума: „Тоа беше ситуација каде што немаше потреба да се влегува така. Беше преземање ризик. Тој беше спремен да го преземе ризикот да го повреди противникот.“
„Отидов кај него и му реков: „Не сакаш ли да одиш да го видиш нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит, да му се приближиш и да му посакаш се најдобро. Дури тогаш тој го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од тоа. Јас би реагирал поинаку.“