Спорт
Феликс во голем проблем, за Барса непотребен, во Атлетико непожелен
Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го купи, додека во Атлетико Мадрид никој не сака да се врати.
Извори од Мадрид денеска пишуваат дека Диего Симеоне јасно им ставил до знаење на раководството дека преговара или со Барселона или со кој било друг клуб за продажба или нова позајмица на Португалецот. Но, за прв пат се додава и дека ниту неговите соиграчи не сакаат тој да се врати во својот тим и во соблекувалната.
Очигледно, на ниту еден од играчите не му се допадна што Жоао Феликс прослави гол против нив и патем, навивачите прилично го замразеа поради тоа.
На играчите им е доста од неговото недолично однесување, веруваат дека не се вклопува во тимот и дека е премногу егоцентричен и дека и со своите квалитети не прави разлика на теренот.
Инаку, Атлетико Мадрид постави цена од 60 милиони евра, но Барселона нема намера да плати толку. Дополнително, Чави Ернандез изјави дека на позицијата лево крило повеќе би сакал Дани Олмо и Никo Вилијамс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Родители се тепаа во Детската лига, ФФМ забрани публика
По денешниот инцидент на завршниот турнир во Детската лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи понатамошните натпревари од Детската лига да се одиграат без присуство на публика.
На еден од терените на ФММ во Ново Лисиче, на натпреварот меѓу Сарај и Фит Кид, генерација 2012 година, се случи тепачка меѓу родители. Родителите се тепаа на теренот, додека децата гледаат.
Видео: Youtube, Огнен Дојчиновски
ФФМ го осуди насилството, изрази разочараност и забрани присуство на публика.
Во продолжение соопштиението на ФФМ:
“Тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.
Фудбалската федерација на Македонија изразува длабока разочараност од инцидентот што се случи на детскиот фудбалски натпревар од финалниот турнир на тренинг центарот “Петар Милошевски”.
Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители.
Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, најостро го осудуваме однесувањето на присутните родители кои го предизвикаа и учестуваа во инцидентот. Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца.
Од клучно значење е сите да се стремиме кон основната цел на детскиот спорт: поттикнување развој, забава и почит меѓу учесниците.
Фудбалската федерација на Македонија како организатор на Детска лига сериозно размислуваше за драстична одлука и суспендирање на понатамошните натпревари, но таа одлука би значело само штета за сметка на радоста на децата и нивната желба за игра.
ФФМ сепак донесе одлука понатамошните натпревари да се одиграат без присуство на публика.
Исто така, тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.
Ги повикуваме сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој.
Наш приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина“.
Спорт
Спринтот во Муџело за Бањаја, нервозниот Мартин не ја заврши трката
Мотоциклистот на Дукати, Франческо Баеаја, победи на спринтот на Големата награда на Италија во Муџело. Бањаја победи со време за 19:30.251 минута.
За актуелниот шампион ова е прва спринт победа по трката за ГН на Австрија минатата година.
Второто место го зазеде возачот на Гресини Дукати, Марк Маркез, со заостанување од 1,469 секунди, додека Педро Акоста Гас Гас КТМ ја мина целта на третото место. Неверојатниот дебитант беше 4,147 секунди побавен од победникот.
Четвртото место му припадна на Франко Морбидели од Прамак Дукати, зад него беа Маверик Вињалес на Априлија и Бред Биндер на КТМ.
Бањаја имаше исклучителен старт и многу брзо направи голема разлика во однос на конкурентите.
Маркез и Мартин не можеа да се пофалат со ваков импресивен старт, па по првиот свиок ги заземаа позициите четири и пет, зад бранителот на титулата, Енеа Бастианини и Бред Биндер.
Спринтот го одбележа Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Тој најпрво го елиминираше Енеа Бастианини од трката, имаше контакт со него кога се обиде да го престигне, а потоа самиот направи грешка и заврши надвор од патеката.
Мартин и натаму е лидер во генералниот поредок со 155 бодови. Бањаја е втор со 27 помалку, додека Марк Маркез заостанува дополнителни пет бода.
Трката за ГН на Италија е закажана за в недела во 14 часот
Спорт
Кварацхелија посакува трансфер во ПСЖ
Пари Сен Жермен го повлече првиот потег и ќе се обиде во преодниот рок да го ангажира, Квича Кварацхелија. Италијанските медиуми тврдат дека напаѓачот изразил желба да се пресели во Париз.
Наполи во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Антонио Конте ќе застане на чело на тимот, но тој веднаш ќе се соочи со проблеми, бидејќи Наполи има намера да г продаде двајцата најдобри фудбалери. Покрај Кварацхелија на продажба е и Виктор Осимен.
Пробле за Конте е и фактото дека клубот сака да го напушти и капитенот Џовани Ди Лоренцо.
Од ПСЖ пристигнала понуда од 60 милиони евра за Кварацхелија, понуда која Наполи ја одбил. Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис наваодно бара 100 милиони евра за Грузиецот.
Сезонава грузискиот фудбалер, кој ќе ја води репрезентацијата на ЕУРО во Германија, имаше учинок од 11 гола и девет асистенции на 45 натпревари.