Спорт
Фернандо Алонсо си заминува од Формула 1!
По повеќемесечни шпекулации, сега е официјално – двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо заминува од спортот, и иако не најави каде е неговата следна дестинација, сите веруваат дека тој ќе се натпреварува во американската Инди кар серија.
Шпанец…
По повеќемесечни шпекулации, сега е официјално – двократниот Формула 1 шампион Фернандо Алонсо заминува од спортот, и иако не најави каде е неговата следна дестинација, сите веруваат дека тој ќе се натпреварува во американската Инди кар серија.
Шпанецот, кој ги освои своите две титули со Рено, пред да се трка и за Ферари и Мекларен, беше пред излез од Ф1 и на крајот на минатата година, но Мекларен го убеди да потпише уште една година откако ја откажаа соработката со Хонда за оваа година да се тркаат со мотори на Рено. Мекларен сакаше да го задржи и следната година, но тој вели дека е време за промена.
„По 17 прекрасни години во овој неверојатен спорт, време е да направам промена и да одам понатаму. Уживав во секоја минута од овие неверојатни сезони и не можам доволно да им се заблагодарам на луѓето кои ми помогнаа. Има уште неколку трки оваа сезона и ќе учествувам со уште поголема посветеност и страст“, вели Алонсо.
Иако се очекуваше дека ќе потврди дека ќе оди во Инди кар, Шпанецот не откри многу за иднината.
„Ќе видиме што ќе донесе иднината, на другата страна од кривината се нови предизвици. Ова е еден од најсреќните периоди во мојот живот, но морам да одам на нови авантури. Им благодарам на сите во Мекларен и моето срце секогаш ќе биде со тимот. Знам дека ќе се вратат посилни и подобри во иднината и тоа ќе ме направи бексрајно среќен“, додава Алонсо.
Со неверојатен талент, но и со многу конфликти во тимовите во кои беше, Алонсо можеби освои само две титули во Формула 1 и тоа на почетокот на кариерата, но останува еден од најценетите возачи на својата генерација.
Алонсо досега во Ф1 има остварено 32 победи, 22 пол-позиции, 97 подиуми и 1.893 освоени поени.
McLaren Racing today confirms that double F1 World Champion Fernando Alonso will not race in Formula 1 in 2019. https://t.co/hbOCGZP3E2
— McLaren (@McLarenF1) August 14, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бек
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.