Свет
Авион погоден од силни турбуленции на лет од Грција за Лондон: има повредени
Две лица се повредени на летот од Грција за Лондон кога бил погоден од силни турбуленции поради што пилотите принудно слетале.
На летот имало 181 патник, а од Крф полетал околу 12.44 часот.
Набргу по полетувањето, по големи турбуленции, авионот принудно слета на аеродромот „Фиумичино“ во Рим.
Како што пишува „Мирор“, двајца членови на екипажот се повредени додека се подготвувале да послужат храна.
Портпаролот на „Изиџет“ изјави: „На летот на 19 август имаше турбуленции. За жал, двајца членови на кабинскиот екипаж беа повредени. Како резултат на тоа пилотот одлучи да го пренасочи летот во Рим, каде што стјуардесите добија лекарска помош“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Насилство на пропалестинските демонстрации во Берлин, полицијата употреби солзавец
На пропалестинските демонстрации во Берлин минатиот викенд, насилство избувна кога демонстрантите почнаа да ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња, а полицијата одговори со солзавец.
По повод годишнината од смртоносниот напад на Хамас во Израел, полицијата распореди околу 2.000 свои членови поради најавените протести, пренесува „Берлингер Моргенпост“.
Во саботата пропалестинските демонстранти маршираа од Темпелхоф до Бранденбуршката порта, а во неделата беа одржани демонстрации во Кројцберг и Нојколн, пишува порталот ТРТ Ворлд.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.