Свет
Австралиски архиепископ осуден за прикривање сексуална злоупотреба на деца во 1970-тите

Австралискиот суд прогласи католички архиепископ за виновен за прикривање сексуална злоупотреба на деца во 1970-тите.
Филип Вилсон, архиепископот на Аделаида, е најстариот католик во светот кој ќе биде обвинет и осуден за кривично дело.
Според судот, тој ги прикривал злоупотребите на олтарските момчиња од страна на педофилски свештеник колега во Нов Јужен Велс.
За време судењето архиепископот Вилсон негирал дека му било кажано за злоупотребата од страна на некои од жртвите.
Во изјавата издадена од црквата, Вилсон рекол дека е очигледно разочаран од пресудата и ќе ги разгледа своите правни опции.
Вилсон минатиот месец изјавил за локалниот суд во Њукасл дека немал сознанија за постапките на свештеникот Џејмс Флечер, кои се случувале кога бил помошник-свештеник во Мејтланд, 130 километри северно од Сиднеј.
Флечер подоцна беше осуден за девет обвиненија за сексуална злоупотреба на деца во 2004 година, а загина во затвор во 2006 година.
Една од неговите жртви, Питер Кери, пред судот рекол дека детално му ја опишал злоупотребата на Вилсон во 1976 година, пет години по инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Четиригодишно момче прегазено од валјак во Германија, починало на лице место

Четиригодишно момче возејќи велосипед било удрено од машина за потиснување асфалт во близина на градилиште во Долна Саксонија, Германија. Момчето починало, пренесува списанието „Феникс“.
Како што соопшти полицијата, момчето во понеделникот било со својот татко и седумгодишниот брат. Децата возеле велосипеди додека таткото трчал зад нив.
Постариот брат веќе го поминал патот кој е во изградба. Четиригодишното дете требало да го следи кога ненадејно го удрил валјак додека се движел наназад. Тој починал на местото на несреќата, пред очите на неговиот татко. Се утврдува како дошло до несреќата, а консултиран и експерт. Возачот на валјакот ќе се гони за убиство од небрежност.
Регион
Курти за 1 септември: Обичен ден, а можеби и не

Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека 1 септември ќе биде нормален ден. Тој вели дека не е загрижен оти 1 септември, кога му беше одложена одлуката за задолжително издавање на влезно-излезни документи, ќе биде нормален ден и не ја исклучува можноста за поинаков договор за време на претстојната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брисел.
„1 септември ќе биде нормален ден на граничните премини – или ќе издадеме документи за влез-излез или двете страни ќе ги откажат“ – рече Курти во интервју за Би-би-си на српски јазик.
Не исклучувајќи ја таа можност, Курти, кој изминативе денови дава бројни интервјуа за странски медиуми, вели дека се надева дека за тоа ќе разговара со претседателот Вучиќ како дел од „актуелната тема“.
На прашањето дали всушност ова е неговата преговарачка платформа за бриселските преговори, Курти тврди дека таков предлог веќе му дал на претседателот на Србија на средбата во рамките на иницијативата за соработка на регионалните лидери Брдо Бриони.
„Му реков – признајте ги документите на Косово, а тој ми рече дека тоа е неприфатливо бидејќи така ќе се признае независноста. Иако тоа би било добро, му реков дека не е точно – Словачка, Грција, Романија не ја признаваат независноста, но ги признаваат документите на Косово“ – вели Курти.
Приштина, вели тој, ќе ја продолжи кампањата за замена на регистарските таблички и тврди дека Белград е загрижен бидејќи мисли дека луѓето ќе го прифатат тоа.
Тој тврди дека замената на табличките е во корист на косовските Срби.
„Но, јасно ми е дека дури и кога ќе заврши процесот, тоа нема да биде крај – ни треба договор со Србија бидејќи сè е парцијално додека не постигнеме правно-обврзувачки договор за целосна нормализација на односите, врз основа на взаемно признавање“, смета Курти.
Европа
Шојгу: За да се постигнат целите во Украина нема потреба од нуклеарно оружје

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вели дека се апсурдни изјавите на западните медиуми дека Русија наводно може да употреби хемиско оружје во Украина.
„Нема потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат целите на специјалната операција“, изјави денеска Шојгу.
„Од воена гледна точка, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат поставените цели“, рече Шојгу за време на Московската конференција за меѓународна безбедност, пренесува ТАСС.