Контакт

Европа

Австриската полиција уапси 30 исламисти

Објавено пред

Австриската полиција спроведе акција во четири провинции против лица и здруженија што ги поддржуваат Муслиманското братство и Хамас.

Државното обвинителство во Грац нареди истрага против 70 осомничени, а како резултат на таа акција се извршени претреси во 60 стана, куќи, деловни простории и во просториите на здружението.

Како резултат на претресот, 30 лица се лишени од слобода, односно се однесени на итно сослушување.

Обвинителството во Грац изјави дека спроведува истрага против повеќе од 70 осомничени и неколку здруженија и компании поради сомневање за терористичко здружување, финансирање тероризам, здружување против безбедноста на земјата, како и криминална организација и перење пари.

Притоа е истакнато дека акцијата нема никаква врска со терористичкиот напад во Виена на 2 ноември, туку станува збор за акција што резултирала врз основа на сеопфатна и интензивна едногодишна истрага.

„Ние дејствуваме против криминалните, екстремистички организации со полна сила и со сите можни средства за владеење на правото“, потенцира министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер.

Министерката за интеграција, Сузана Раб, рече дека тоа е многу важен удар против екстремистичките идеологии.

„Со оваа акција против муслиманската гарда покажуваме дека водиме сериозна борба против радикалните екстремистички идеологии. Нема да дозволиме екстремистички идеологии да се шират во Австрија“, рече таа.

Европа

Ердоган: Турција e заинтересирана за руската вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против коронавирусот.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека набргу ќе можеме да ги користиме во големи количини во нашата земја“, изјавил Ердоган, а пренесува „Спутник“.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија се случил на 24 неомври, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата за развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да го почне производство на вакцината против Ковид-19 – „спутник V“ – во турските фабрики за производство на лекови.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Заминувам по донесувањето на новиот устав

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека, според новиот устав, тој повеќе нема да биде на таа функција, пренесе руската агенција РИА.

„Не донесувам никаков устав за себе. Нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа“, рече Лукашенко.

Тој исто така изјави дека никогаш нема да дозволи со усвојувањето на новиот устав некој да зборува за изборите дека се наместени.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија рекорден број починати за 24 часа

Објавено пред

Во Германија повеќе од еден милион луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а дневниот биланс на смртни случаи достигна рекордна бројка од 426, според податоците на Институтот „Роберт Кох“ објавени денеска.

Бројките покажуваат дека Германија во најдобар случај го задржува стабилен боројот на нови инфекции, но дека тоа не е доволно за да се ублажат мерките и да се елиминира ризикот од пренатрупани болници.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 22.806, на 1.006.394. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот за 24 часа се зголеми за рекордни 426, на вкупно 15.586.

Баровите, рестораните, театрите и фитнес-салите се затворени, но училиштата и продавниците остануваат отворени. Од 1 декември приватните собири ќе бидат ограничени на пет лица од сегашните 10.

За време на Божик тој број повторно ќе се искачи на 10 лица во повеќето сојузни покраини, а во тоа нема да се вбројуваат децата на возраст под 14 години, иако семејствата се повикуваат да избегнуваат социјален контакт една недела пред посетата.

Главниот град Берлин, еден од најтешко погодените во Германија, соопшти дека нема да ги намали ограничувањата за време на божикните празници.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика граѓаните да останат трпеливи поради ограничувањата што се во сила со цел да се забави ширењето на коронавирусот проценувајќи дека светлото на крајот од тунелот ќе пристигне заедно со вакцините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 час

Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана...

Македонија2 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија2 часа

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија3 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија6 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија7 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет7 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет8 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет8 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет9 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт9 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет9 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет10 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија21 час

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија23 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија23 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа23 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион1 ден

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Досие