Европа
Австриски медиуми: Од Балканот во земјата ни пристигнаа илјадници случаи на корона

Австрија деновиве се соочува со рекорден број заразени со коронавирус. Бранот на омикрон варијантата, според некои австриски медиуми, е влошен поради илјадници случаи на увоз на коронавирусот од странство, главно од Балканот.
Во првата календарска недела од оваа година, по Божик и Нова година, веќе имало експлозија на корона меѓу луѓето кои се враќале во Австрија: во споредба со претходната недела со 1.771 случај поврзани со патување, бројот се искачил на 4.917 во прата календарска недела од оваа година. Тоа е зголемување за речиси три пати.
Исто така, бројката останла висока и во втората календарска недела со 4.278 нови случаи.
Според официјалните податоци, најмногу случаи на заразени се увезени од Босна, односно 1.611 во првата недела од јануари и 822 во втората.
По неа следи Србија со 959 во првата недела и 540 во втората. На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.
Следат повратниците од Турција (147 во првата недела, 403 заразени во втората), Романија (161 и 295) и Хрватска, од кои во првата недела се регистрирани 180 нови инфекции, но во втората недела од јануари имало голем скок на 579 случаи.
Австриската влада сака да го спречи увозот на инфекцијата со нови правила за примена на ковид-сертификатите. Од 1 февруари, времетраењето на важноста на сертификатите за вакцинација во Австрија ќе се промени. Потврдата за прва серија на вакцинација – која се состои од две вакцини или закрепнување плус една вакцина – ќе важи само 180 дена.
Сертификатот за дополнителна вакцинација – добиен по три примени вакцини или закрепнување плус две дози ќе важи 270 дена.
Австријците веќе во понеделникот воведоа правило дека без дополнителни тестирања во земјата можат да влезат оние кои примиле трета доза од вакцината, односно заздравени од ковид со две дози од вакцината. Останатите мора да направат ПЦР-тест ако не сакаат да бидат ставени во карантин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.