Европа
Австрија ги стави сите земји од Западен Балкан на зелената листа

Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат на епидемиолошката зелена листа на Австрија.
Како што е најавено во Виена, со уредбата што ќе стапи во сила в четврток, 8 јули, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе може да влезат во Австрија.
Досега само Србија и Македонија, како и Албанија, беа на зелената листа, а сега се и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Патниците што доаѓаат од зелените земји ќе може да влезат во Австрија без карантин доколку имаат потврда за вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (ЕМА) – од „Фајзер“, „Модерна“, „Астра зенека“ и од „Џонсон и Џонсон“ и од Светската здравствена организација (СЗО) – кинеските на „Синофарм“ и на „Синовак“.
Оние што немаат потврда за вакцинација мора да имаат потврда за прележан Ковид-19, негативен ПЦР или антиген-тест.
Патниците што доаѓаат од земјите на зелената листа не мора да пополнуваат електронска регистрација пред патувањето.
Со новата уредба Русија е вклучена меѓу земјите во кои се шири нов вид на вирусот поради што, секој што ќе дојде во Австрија, по престојот во таа земја, ќе мора да биде ставен во карантин.
Ова веќе важи за Велика Британија, Бразил, Индија и за Јужна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Неопходна е забрзана примена на санкциите против Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, на заеднички брифинг со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во Киев изјави дека инсистира на нови иоб прзи санкции на ЕУ против Русија.
„Разговаравме за нови санкции против Русија, особено за десеттиот пакет-санкции. Ова е заедничка европска задача – да се намали способноста на Русија да ги заобиколи санкциите и колку побргу и подобро се изврши оваа задача, толку поблиску ќе бидеме до поразот на Русија“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.
Тој оцени дека темпото на воведување санкции против Русија е забавено и дека Русија ја зголемува брзината со која се приспособува на санкциите и укажа на потребата тоа да се коригира.
Европа
Додека Западот ѝ испраќа тенкови на Украина, Орбан предвидува победа за Русија

Додека украинските знамиња се веат во европските метрополи и западните тенкови му доаѓаат на помош на Киев, унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено ја доведува во прашање одржливоста на Украина како суверена држава. Неговата влада во Будимпешта го излепи градот со плакати против руските санкции, а унгарската државна опера ја поставува „Војна и мир“ на Сергеј Прокофјев.
„Политико“ пишува дека Орбан неодамна на собир на мала група меѓународни конзервативци изјавил дека Русија веќе успеала да ја претвори Украина во непремостлива руина.
„ Украина сега е Авганистан. Владимир Путин нема да загуби и времето е на страната на Русија – рече Орбан за време на дискусијата на тркалезната маса, нарекувајќи ја Украина „ничија земја“.
Таа порака е дијаметрално спротивна на реториката на остатокот од западната алијанса, која премина друга црвена линија кога минатата недела вети дека ќе испрати стотици модерни западни тенкови во Украина. Изјавите на Орбан предизвикаа гнев кај украинските власти, кои најавија дека ќе го поканат унгарскиот амбасадор, пишува Слободна Далмација.
Во Будимпешта, од друга страна, изјавите на Орбан се сметаат за делумно внатрешно-политички трик за да се оттргне вниманието од економските проблеми на Унгарија, како и да се привлечат на националистичките гласачи. Но, меѓу експертите постои и чувство дека реториката на Орбан е повеќе од краткорочно политиканство: унгарскиот лидер, велат тие, сака да ги зачува своите долгогодишни добри односи со Кремљ.
Европа
Во Холандија се појави кравјо лудило

Холандија пријавила случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) на сточарска фарма нагласувајќи дека месото од заболеното животно не влегло во синџирот на исхрана, така што нема опасност за јавното здравје.
Јадењето месо од животно што боледува од кравјо лудило може да предизвика смртоносна болест кај луѓето, потсетува ДПА.
Министерството за земјоделство го информира БСЕ за случајот во парламентот во Хаг, без да ја прецизира локацијата на фармата. Надлежните посочија дека објектот е изолиран и дека е забрането отстранување ѓубриво, месо и животни.
Надлежните служби се обидуваат да ги идентификуваат заразените животни, кои треба да бидат убиени.
Лабораторијата допрва треба да утврди со која варијанта на БСЕ било заразено животното. Холандија нема регистрирано случај на таканаречената атипична варијанта на кравјо лудило од 2011 година.
Таквата форма на болеста може да се развие, на пример, кај стари животни.
Таканаречената класична варијанта првпат беше регистрирана во Британија во 1986 година, а беше предизвикана од животински протеини во добиточната храна.
Од 1997 година Холандија има регистрирано 88 случаи на класична БСЕ, пренесе „Индекс.хр“.