Европа
Австрија го продолжи карантинот

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на карантинот до 7 февруари, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.
Затворањето, кое требаше да трае до 24 јануари, ќе биде продолжено до 7 февруари, што, како што објави агенцијата АПА, е резултат на разговорите меѓу владата во Виена и провинциите.
Следува постепено отворање од 8 февруари, додека угостителите, хотелите и организаторите на разни настани ќе мора да почекаат до крајот на февруари за вакви мерки.
Од 8 февруари, ако епидемиолошката состојба дозволи, сите продавници, услужни дејности и музеи повторно ќе се отворат, но под строги услови, како што е обврската за носење заштитни маски FFP2 и одржување на растојанието од метар до два. Наставата во училиштата ќе почне на 8 февруари, а учениците до тогаш ќе продолжат со учење на далечина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Астразенека“ ќе испoрача 150 милиони вакцини за земјите од Европската Унија

Шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром денес изјави дека според сегашните информации, „Астразенека“ ќе може да ѝ испорача 150 милиони дози вакцина против Ковид-19 на Европската Унија во вториот квартал, како што беше претходно соопштено.
„Тоа е дури и помалку отколку во првичниот договор“, истакна тој, објави „Ројтерс“.
„Не сме целосно задоволни, но тие се обидуваат да најдат нови количини и сметаме дека тоа е одлично“, рече Бергстром на прес-конференција.
Европа
Финска се затвора од 8 март, можна е вонредна состојба

Финска се затвора на три недели почнувајќи од 8 март и е подготвена да прогласи вонредна состојба за спречување на ширењето на коронавирусот, објави денеска премиерката Сана Марин.
Затворањето нема да вклучува полициски час, но рестораните ќе се затворат, а учениците над 13 години ќе преминат на учење на далечина, соопшти владата.
Прогласувањето вонредна состојба ќе бара здравствените работници да работат подолго. Марин смета дека е потребна вонредна состојба за да се спречи ширењето на нови видови коронавирус.
„Ако чекаме ситуацијата да се влоши, ќе биде уште потешко да се запре“, нагласи таа.
Но, министерката за правда Ана-Маја Хенриксон, член на помала партија во владејачката коалиција, смета дека употребата на сите кризни мерки не е неопходна и дека би било доволно да се ограничи само работата на рестораните.
Иако Финска има трета најниска стапка на зараза со коронавирусот во Европа, зад Исланд и Норвешка, во оваа земја се бележи нагло зголемување на дневните инфекции.
Во последните две недели, пандемијата се влоши во многу области на земјата, но најтешко е погодена областа околу главниот град Хелсинки.
Европа
Измамници им понудиле 400 милиони дози лажни вакцини на земјите од ЕУ

Измамници понудиле 400 милиони дози вакцини за коронавирус на земјите од ЕУ во вредност од околу три милијарди евра, пренесува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на два анонимни извори.
Според „Ројтерс“, еден од нив рекол дека „трговците“ им нуделе вакцини на „Астразенека“ на владите на ЕУ и ја споредил ситуацијата со слична таква на почетокот на пандемијата, кога лажните трговци го искористиле недостигот на маски и друга заштитна опрема.
Еден од официјалните лица за „Ројтерс“ изјавил дека станува збор за голема количина дози на вакцини и дека никој не знае што всушност има во нив, солена вода или нешто друго.
„Во најдобар случај, вакцината нема да дејствува, во најлош случај, тоа е многу сериозен проблем“, рекол анонимниот извор.
Второто анонимно лице кажало дека ЕК е многу загрижена за тие вакцини.
Европската Унија претходно предупреди дека бројот на измами со вакцини е во пораст, како и дека лажните дози кружат на пазарот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер