Европа
Во Австрија најмногу несакани ефекти предизвикува вакцината на „Астра зенека“
Според Федералната здравствена служба на Австрија (BASG), повеќето несакани ефекти на вакцините што моментно се достапни во земјата се предизвикани од вакцините на компанијата „Астра зенека“. Вакцината на „Астра зенека“ предизвикува несакани ефекти во 14,9 случаи на 1.000 вакцини.
За споредба, со вакцината на „Бионтек-Фајзер“ тоа е случај со 3,79 и со „Модерна“ – 5,71.
Досега 365.039 лица се вакцинирани со вакцините на „Бионтек-Фајзер“ во Австрија, а за 1.384 е пријавено дека имаат несакани ефекти.
Со вакцината на „Модерна“ се имунизирани 8.057 лица и пријавени се 46 несакани ефекти.
3.961 лице се вакцинирани со вакцината на „Астра зенека“, а пријавени се и 59 несакани ефекти.
Несаканите ефекти биле претежно лесни по природа. Повеќето изјавиле дека имале главоболка, температура, замор, болка на местото на убодот, болка во мускулите, гадење, треска.
Карактеристично е дека по примањето на вакцината на „Астра зенека“, забележана е температура како најчест несакан ефект.
Во неколку болници во Австрија медицинскиот персонал одбива да прими вакцина на „Астра зенека“ како поради несаканите ефекти така и за наводниот послаб ефект, пред сè, против новите соеви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.