Европа
Австрија: На потстрижување не може без негативен тест

Вчера во Австрија се отворија фризерските салони откако владата делумно го олесни третиот бран на заклучување, но предуслов за нова фризура е негативен тест за коронавирус.
По месец и половина се отворија и продавниците, музеите и училиштата. Студентите мора да бидат тестирани двапати неделно, ако сакаат да присуствуваат на настава.
Зголемена побарувачка за тестирање била видлива на пунктовите во Виена. Дури и неодамна отворениот центар за тестирање во познатата палата Шенбрун вовел нови паравани со цел да се ублажи навалицата.
Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер изјавила: „Од една страна, ми олесни што може повторно да работам, но во исто време пречка се задолжителните тестови, што некои клиенти не ги прифаќаат добро“.
Поплаки од фризерите за новите правила се појавиле и во неколку австриски весници, со посебен осврт на тешкотиите за тестирање во руралните области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европскиот суд и нареди на Велика Британија да го намали загадувањето на воздухот

Европскиот суд на правдата пресуди дека Велика Британија со години ги кршела ограничувањата на аерозагадувањето и му наложи на Лондон да ги почитува постојните правила, истакнувајќи дека Велика Британија може да биде казнета со парична казна, пренесуваат британски медиуми.
Велика Британија ја напушти ЕУ и со тоа го напушти ССЕ на крајот на минатата година, но се согласи да ги спроведува пресудите на ЕСП ако започне судска постапка додека таа сè уште беше членка на Унијата.
Во пресудата се вели дека од 2010 до 2017 година, Велика Британија „систематски и упорно“ ја прекршила одредбата за ограничување на емисиите на азот диоксид во дури 16 зони, вклучувајќи ги Лондон, Манчестер и Глазгов.
„Европскиот суд за правда и наложува на Велика Британија да ги намали емисиите на NO2 под европската граница. Во спротивно, Европската комисија ќе преземе понатамошни законски чекори и ќе изрече парична казна“, стои во пресудата.
Британското Министерство за животна средина објави дека ја разгледува пресудата на Европскиот суд.
Портпарол на Министерството изјави дека загадувањето на воздухот е значително намалено од 2010 година и дека по напуштањето на ЕУ, Британија продолжува да го спроведува планот за подобрување на квалитетот на воздухот во кој се инвестирани 3,8 милијарди фунти.
Патниот сообраќај е најголемата причина за високи емисии на NO2, што значи дека урбаните области се најмногу погодени од загадувањето.
Велика Британија ќе забрани продажба на нови автомобили и камиони на бензин и дизел, со цел да се постигнат климатските цели од 2030 година.
Европа
Макрон нема да го стави Париз во карантин за викендот

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го поштеди регионот на Париз од карантин за време на викендот со цел што е можно повеќе да ја задржи отворена француската економија иако бројот на смртни случаи не опаѓа, пренесува „Ројтерс“.
Два извора блиски до Макрон велат дека премиерот Жан Кастекс денес може да воведе заклучување во северната област Па-де-Кале, како што тоа веќе го стори во француската ривиера, но не и во главниот град и околината, додава „Ројтерс“.
„Ако можеме да го избегнеме карантинот за време на викендот во Париз, ќе го сториме тоа. Секој викенд што го добиваме е важен“, им рече Макрон на министрите.
Европа
Принцот Филип имаше операција на срцето, останува во болница

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, беше опериран и ќе остане во болница. Британските медиуми наведуваат дека принцот бил подложен на интервенција на срцето и сè поминало во најдобар ред.
„Војводата од Единбург вчера имаше успешна интервенција поради претходни проблеми со срцето. Неговото кралско височество ќе остане во болницата за да прима терапија и да закрепне“, се наведува во соопштението на Бакингемската палата.
Војводата од Единбург беше хоспитализиран пред неколку недели поради инфекција. Потоа, на почетокот на неделата, тој беше префрлен од приватната болница „Кралот Едвард VII“ во болницата „Свети Вартоломеј“ и првично беше речено дека ќе биде задржан таму до крајот на неделата.
Неговата снаа Камила, сопругата на принцот Чарлс, вчера накусо за медиумите изјави дека Филип е добро, но дека прима терапија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер