Свет
Австрија ја запре вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“, се истражува смртта на едно лице

Австриските власти привремено ја прекинаа вакцинацијата со серија вакцини против Ковид-19 од „АстраЗенека“, додека во тек е истрага за смртта на едно лице и развој на белодробна емболија кај друго по вакцинирањето, објави австрискиот државен завод за здравствена безбедност (БАСГ).
БАСГ доби два извештаи поврзани со вакцини од „АстраЗенека“ од истата серија, а пациентите ја примиле на клиника во градот Цветл во провинцијата Долна Австрија, се вели во соопштението.
Според извештајот, 49-годишникот починал како резултат на тешко нарушување на коагулацијата на крвта, а 35-годишникот развил белодробна емболија, но се опоравува.
„Во моментов, нема докази за причинско-последична врска помеѓу овие состојби и вакцината“, се вели во соопштението на БАСГ.
Претставник од „АстраЗенека“ рекол дека компанијата е во контакт со австриските власти и дека ја поддржува истрагата.
Новинската агенција АПА потсетува дека вакцината била одобрена и од Европската агенција за лекови и од Светската здравствена организација врз основа на глобално клиничко испитување во кое учествувале 23.000 испитаници.
„Сите претходни проценки покажаа дека вакцината на ‘АстраЗенека’ е безбедна и ефикасна“, објави АПА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Европратеничката Фајон за нон-пејперот: На Балканот му должиме европска перспектива, а не нови граници

Тања Фајон, словенечка членка на Европскиот парламент и претседател на социјалдемократите, денеска на прес-конференција јавно ги објасни своите ставови за политиката на проширување на Западен Балкан, во светло на информациите кои ги преплавија регионалните медиуми изминативе денови, а кои се однесуваат на т.н нон-пејпер.
„Во време кога треба да промовираме взаемна помош и соработка, некои европски лидери се одлучуваат да промовираат разорни идеи со националистички тенденции и преку недипломатски потези го оптоваруваат веќе загриженото население со дополнителни проблеми“, предупреди Фајон.
„Секоја идеја за поставување и поместување на граници меѓу земјите, особено во Босна и Херцеговина, која претрпе најголема штета, е крајно опасен потег. Таквите експерименти се минато. Но, треба да размислиме за решенија што ќе ја направат Босна и Херцеговина земја што подобро функционира. Посакувам границите да станат симболични со пристапувањето во Европската унија“, рече Фајон.
Тој ја застапува истата цел во однос и на другите земји, а тоа е нивни прием во Европската унија што е можно поскоро.
„Тоа е меѓусебен однос, волја. Се појави недоверба и во овие земји затоа што во Европа ветуваме нешто, но не го исполнуваме. Но, луѓето заслужуваат побрз и подинамичен пристап кон ЕУ. Преговорите со Северна Македонија и Албанија мора да се започнат итно, двете земји ги исполнија условите и не смеат да станат заложници на парцијални интереси. Словенија може да има многу важна улога во ова за време на нејзиното претседателство“, нагласува европратеничката.
На новинарско прашање за вмешаноста на Словенија во спорниот нон-пејпер, пратеничката вели:
„Перцепцијата за Словенија се влошува. Го повикувам премиерот (Јанез Јанша) да го појасни својот став за проширувањето на Западен Балкан, особено за Босна и Херцеговина. Јас не сум запознаена со официјалниот документ, не сум го видела, но верувам дека кружат нарушувачки, националистички идеи и не би била изненадена ако некоја од нив потекнува и од Словенија“, беше децидна Тања Фајон.
Покрај премиерот, Тања Фајон, исто така го покани и претседателот Борут Пахор да даде јавно образложение до Националното собрание и пошироката јавност за позицијата на Словенија кон Западен Балкан.
Во однос на бугарското вето за земјава, Фајон кон крајот на минатата година изјави дека тоа предизвикало разочарување не само кај „народот на Северна Македонија, чија иднина очигледно е во Европската Унија, туку и кај Европскиот парламент, кој останува силен поддржувач и сојузник на Северна Македонија“.
Свет
САД и ЕУ го критикуваат планот на Иран за збогатување ураниум до 60 отсто

САД и европските земји, кои се потписнички на иранскиот нуклеарен договор, вчера се спротивставија на одлуката на Техеран да збогати ураниум со чистота од 60 отсто, при што врвен американски дипломат го оцени овој потег како провокативен и посочи дека ја доведува во прашање сериозноста на Иран во врска со разговорите, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Иран најави дека ќе збогати ураниум до 60 отсто – голем чекор поблиску до 90 отсто, што е материјал за оружје – како одговор на, како што рече, актот на саботажа од Израел против клучниот нуклеарен објект на Иран минатата недела.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, рече дека намерата на Техеран иницира прашања во врска со неговата сериозност во текот на разговорите во Виена меѓу Иран и светските сили за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.
Нуклеарниот договор се распаѓа откако поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, се повлече од него во 2018 година и ги врати економските санкции кон Исламската Република. Минатата недела Иран и неговите потписнички одржаа конструктивни разговори за враќање на договорот.
Велика Британија, Франција и Германија исто така рекоа дека новата одлука на Техеран е во спротивност со разговорите. Тие рекоа дека ги отфрлаат сите ескалациски мерки од кој било актер – очигледен сигнал до Израел.
„Опасната неодамнешна комуникација на Иран е во спротивност со конструктивниот дух и добрата волја на овие дискусии“, се вели во соопштението на европските земји за разговорите, кои продолжуваат меѓу Иран и глобалните сили во Виена, со цел спасување на договорот.
Свет
(Видео) Силна експлозија на пазар во Багдад, има загинати и повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 17 беа повредени во експлозија во Садр, предградие на ирачката престолнина Багдад, потврдија во четвртокот полициските и здравствените власти.
Нападот се случил во упориштето на шиитите во Садр, предградие на Багдад, а „Ројтерс“ наведува дека експлозијата била силна.
Автомобилот бил паркиран на пазарот за половни производи, пренесува АП.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш