Контакт

Свет

Автобус полн со кинески туристи излета од патот, 13 загинати

Објавено пред

Најмалку 13 луѓе загинаа кога автобус полн со кинески туристи излета од патот во Лаос, пренесуваат кинеските медиуми.

Во автобусот, во кој се наоѓале 43 кинески туристи, двајца водачи и возачот од Лаос, повредени се и десетина луѓе, од кои двајца се во животна опасност.

Не е наведено од кои националности се жртвите.

Автобусот излетал од патот меѓу главниот град на Лаос, Виентијана, и туристичкиот центар Луанг Прабанг.

Медицински тим на кинеската војска што бил во Лаос отпатувал за Луанг Прабанг за да им укаже помош на повредените.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астразенека’ е добра за сите возрасти“

Објавено пред

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината „Астразенека“ има далеку поголема корист од ризици за сите возрасни групи, особено за луѓето постари од 60 години.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ претходно го цитираше Кавалери, кој, наводно, рекол дека вакцината на „Астразенека“ треба да се избегнува за лица постари од 60 години, поради страв од ретки случаи на згрутчување на крвта.

„За жал, моите зборови не беа добро интерпретирани во интервјуто за ‘Ла Стампа’. Вакцината на ‘Астразенека’ има многу повеќе придобивки отколку ризици за луѓето од сите возрасти, а особено за луѓето постари од 60 години“, изјави Кавалери за „Ројтерс“.

Позицијата на Европската агенција за лекови е дека вакцината на „Астразенека“ е безбедна и може да ја користат граѓани постари од 18 години, објави „Ројтерс“.

Сепак, неколку членки на ЕУ, како и Македонија, престанаа да ја даваат вакцината на одредени возрасни групи, поради ретки случаи на згрутчување на крвта.

„Ла Стампа“ го смени насловот на статијата на својата веб-страница и додаде објаснување. Главниот уредник на италијанскиот весник, Масимо Џанини, немаше коментар, додава „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија две дози вакцина примиле над 2,3 милиони луѓе

Објавено пред

Во Србија аплицирани се 4.965.448 дози вакцина против коронавирус, а двете дози ги примиле 2.305.612 лица.

Премиерката, Ана Брнабиќ, изјави дека целосно олеснување на мерките ќе има кога ќе бидат вакцинирани 60 проценти од граѓаните.

„Стагнираме во бројот на вакцинирани и сè уште сме на 48 проценти, но сè додека не достигнеме некои 60 проценти, нема отстапки, бидејќи се плашам дека коронавирусот ќе се врати“, рече таа.

Како што беше претходно најавено, потребно е да бидат вакцинирани уште 340.000 луѓе за да се постигне целта од 50 проценти од оние над 18 години кои примиле барем една доза на вакцина.

Кризниот штаб на Владата на Србија и премиеркатапретходно истакнаа дека крајниот рок за постигнување на таа цел е 21 јуни, по што мерките може да бидат олабавени.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања од ретка појава на згрутчување на крвта, изјави денеска шефот на работната група на ЕМА за коронавирусот, Марко Кавалери.

Тој за италијанскиот весник „Стампа“ рече дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува „Ројтерс“.

Кавалиери изјави дека, со оглед на тоа дека епидемијата се намалува и младите се помалку изложени на ризици поврзани со вирусот, ЕМА смета дека би било подобро за нив да користат вакцини засновани на технологија mRNA, како што се оние на „Модерна“ и „Фајзер“.

Препораката важи и за постари од 60 години.

Кавалери потсети дека Франција и Германија одлучија да ја избегнат Астразенека за лица постари од 60 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет24 минути

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астразенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината „Астразенека“ има далеку поголема...

Македонија56 минути

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО, на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт13 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт13 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт13 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија20 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа21 час

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ21 час

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија21 час

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт22 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Досие