Свет
Адолф Хитлер избран на избори во Намибија

На локалните избори во Намибија е избран кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.
Овој 54-годишен Намибиец, Адолф Хитлер Уунона, освои 84,88 отсто од гласовите во дистриктот Омпунџа во регионот Ошана, во северна Намибија.
Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „Свапо“, со која победи на актуелните регионалните избори. Тој објаснил дека името му го дал неговиот татко.
„Очигледно мојот татко не разбрал кој бил Адолф Хитлер“ додал тој.
Вели дека додека бил дете неговото име било нормално, сè додека не пораснал и дознал чие име носи.
„Со сите работи кои ги направил човекот чие име носам немам никаква врска“, вели тој.
Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона.
Рекол дека името не може да го смени бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски авиони ја погодија Газа со ракетен оган

Израелската војска соопшти дека нејзините борбени авиони ги нападнале објектите на Хамас во појасот Газа откако Палестинците истрелаа ракети кон еврејската држава, пренесува „Араб њуз“.
Според соопштениетo, две ракети биле истрелани од појасот Газа кон крајбрежјето во близина на јужниот град Ашдод.
„Како одговор, борбени авиони погодија воени цели на терористичката организација Хамас во појасот Газа, вклучително и места на кои се копаат тунели“, соопшти армијата.
Нема извештаи за каква било штета од палестинските ракети, а извори на израелската армија укажуваат дека тие слетале во Средоземното Море.
Палестински безбедносни извори во Газа изјавија дека во израелскиот напад било погодено земјоделско земјиште во јужната област Кан Јунис, предизвикувајќи штета, но нема повредени.
Немаше веднаш преземање одговорност за ракетниот напад од Газа, територија управувана од Хамас.
Палестинците во појасот Газа и на окупираниот Западен брег одат на парламентарни и претседателски избори во мај и јули, први во последните 15 години. Изборите се дел од затоплувањето на врските меѓу Хамас и партијата Фатах со седиште во Западниот брег на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Датумите беа објавени во петокот со претседателски декрет од страна на Абас.
Свет
Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, повикувајќи ги земјите и производителите на поправедна дистрибуција на вакцините низ целиот свет.
Гебрејсус рече дека изгледите за фер дистрибуција се под сериозен ризик во период кога програмата на СЗО за дистрибуција на вакцини, „Ковакс“, прави подготовки да започне со дистрибуција следниот месец.
Тој истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12.
„Ова може да ги одложи испораките на ‘Ковакс’ и да го создаде точно она сценарио што се обидовме да го избегнеме создавајќи ја ‘Ковакс’: создавање залихи, хаотичен пазар, некоординиран одговор и продолжување на социјалните и економските нарушувања“, рече директорот на СЗО.
Тој предупреди дека поради тоа ќе страдаат токму ониe на кои помошта им е најпотребна.
„Не само што овој пристап на ‘прво јас’ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки“, рече Тедрос на отворањето на годишниот состанок на извршниот одбор на СЗО во Женева, пренесе „Ројтерс“.
Како што истакна, на крајот, ваквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата.
Глобалните превирања околу вакцините се интензивираа по информациите за циркулација на нови, позаразни верзии на вирусот.
Тедрос како пример за нееднаквост го посочи податокот дека повеќе од 39 милиони дози на вакцини се употребени во 49 земји со повисок приход, додека само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.
Свет
Три милиони Кинези во карантин откако трговски патник го рашири коронавирусот

Речиси три милиони луѓе во Кина се ставени во карантин по зголемувањето на случаите на коронавирус, чие ширење е поврзано со еден трговски патник на североистокот на земјата.
Иако Кина во голема мера ја стави под контрола епидемијата, повторното нагло ширење на заразата во последните неколку недели ги принуди властите на повторно затворање, ограничување на патувањето и масовното тестирање.
Така, три милиони жители во два града во провинцијата Џилин се најдоа под нови мерки. Кина денес забележа 109 нови случаи на инфекција.
Поради новите околности повеќе од 19 милиони луѓе во североисточна Кина не смеат да ги напуштат своите домови, а во некои случаи можат да аплицираат за дозвола да излегуваат и да купуваат намирници на секои три дена.
Властите успеаја да ги поврзат новозаболените со асимптоматскиот трговски патник од соседната провинција Хеилонгјанг, каде минатата недела беше прогласена вонредна состојба.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира