Контакт

Свет

Азари : Ѓаволот надвор од нашиот регион

Објавено пред

По нападите на Иран на две воени бази на САД во Ирак, како одговор на минатонеделното убиство на иранскиот генерал Сулејмани, иранскиот министер за телекомуникации Мохамед Џавад Азари преку Твитер порача: „Ѓаволот надвор од нашиот регион!“.

Во видео без датум, споделено од „Фарс њуз“, врховниот лидер на Иран Ајатолахот Али Камнеи се обраќа пред голем број луѓе, велејќи дека САД може да му наштетат на Иран – но тие ќе си наштетат многу повеќе себе си.

„Јас реков за време на говорот во времето (на претседателството на Обама) дека времето на напади од типот ‘удри бегај’ заврши. Ако нападнеш, ќе си добиеш назад“, вели Камнеи во видеото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Објавено пред

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие високиот ирански генерал Сулејмани.
Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари, откако тој не се појави на првиот повик да сведочи пред Одборот на 14 јануари.

„Оценувам дека вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го обезбедам вашето присуство“, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео.

Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад.Си-ен-ен неодамна објави дека Мајк Помпео, бил „движечката сила“ за претседателот Доналд Трамп да нареди убиство на Сулејмани.

Тргање на генералот Сулејмани од бојното поле била цел на Помпео долго време. Во текот на целата кариера, Помпео верувал дека Иран е коренот на проблемите на Блискиот Исток.

Мајк Помпео беше директор на ЦИА од јануари 2017 до април 2018 година, кога дојде на позицијата државен секретар на САД.

Прикажи повеќе...

Свет

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Објавено пред

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф Гебелс. Министерот Роберто Алвим за време на доделување на наградите за уметност, во видео на Твитер зборувал за наградите и за „јуначката“ и „национална“ уметност.

„Бразилската уметност во следната деценија ќе биде јуначка и национална, ќе биде поддржана од силни можности за емоционална поврзаност…и длабоко поврзана со силните аспирации на нашите луѓе или нема да вреди ништо“, рече Алвим во шестминутното видео во кои зборуваше за Националните награди за уметност. Делови од говорот биле идентични со говорот кој е цитиран во книгата на Јозеф Гебелс.Во позадина на говорот свирела операта Лоенгрин од Ричард Вагнер, најомилениот композитор на Адолф Хитлер.

Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро го опиша неговиот говор како „несреќен“.

„Ги отфрламе тоталитарните и геноцидните идеологии како нацизмот и комунизмот, како и секоја поврзаност со нив. Изразуваме наша потполна и неограничена поддршка на еврејската заедница со кои сме пријатели и делиме многу заеднички вредности“, напиша претседателот на Твитер.

Прикажи повеќе...

Свет

Пентагон го демантира Трамп

Објавено пред

Единаесет американски војници се повредени во ракетниот напад од страна на иранската војска врз ирачката база Ал Асад, соопшти портпаролот на Централната команда во Пентагон, капетанот Бил Урбан.

Притоа тој го негира тврдењето на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека во нападот нема повредени војници и дека е направена само мала материјална штета.

Урбан изјави дека во деновите по ракетниот напад, како мерка на претпазливост осум војници биле пренесени во еден медицински центар во Германија, а тројца биле пренесени во болница во Кувајт.

Тој не откри какви се повредите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет30 минути

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Свет38 минути

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет14 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа16 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија17 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа19 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет21 час

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион22 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ23 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет23 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија23 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија24 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион1 ден

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет2 дена

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија2 дена

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Досие