Свет
Актерот Били Кристал го загуби домот во пожарот: Секоја педа од нашата куќа беше исполнета со љубов
Пожари го зафатија Лос Анџелес, а многумина ги загубија своите домови, меѓу кои и холивудските актери. Еден од нив е 76-годишниот актер Били Кристал, чиј дом вреден повеќе од 9 милиони долари, во кој живее од 1979 година, го зафати пожар.
Кристал и неговата сопруга Џенис потврдија за Си-ен-ен дека останале без покрив над главата во Пацифик Палисадес, елитен дел од Лос Анџелес, кој гори. Актерот и неговата сопруга живеат во куќата 46 години, а во изјавата го изразуваат своето жалење за загубата на домот, но и загриженоста за пожарот, кој уништува сѐ што ќе му се најде на патот.
„Нашите срца се скршени“
„Зборовите не може да го опишат огромниот пустош на кој сме сведоци и што го доживуваме. Жалиме со нашите пријатели и соседи, кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија. Џенис и јас живееме во нашиот дом од 1979 година. Ги одгледавме нашите деца и внуците овде“.
„Секоја педа од нашата куќа беше исполнета со љубов. Нашите срца се скршени, се разбира, но со љубовта на нашите деца и пријателите ќе поминеме преку ова. Се молиме за безбедноста на пожарникарите и одговорните за итни случаи. Пацифик Палисадес е отпорна заедница на неверојатни луѓе и знаеме дека со текот на времето повторно ќе се издигне нашиот дом“, рече тој.
Неговиот дом се простира на 6.793 квадратни метри, имаше четири спални соби и шест бањи, а вредноста на куќата беше проценета на 9,19 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
