Свет
Американската агенција за заштита на животната средина отпушти 388 луѓе

Американската агенција за заштита на животната средина објави дека отпуштила 388 вработени ангажирани во последните две години за да ја усогласат својата работна сила со политиките за „енергетска доминација“ на претседателот Доналд Трамп.
Агенцијата соопшти дека спровела темелна проверка на нејзиниот пробен персонал, кои работеле помалку од две години.
„ЕПА отпушти 388 вработени на пробна работа по темелно разгледување на функциите на агенцијата во согласност со извршните наредби на претседателот Трамп“, рече портпаролката, Моли Васелиу.
Во исто време, администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека ќе го одложи спроведувањето на мерките за енергетска и ефикасност на водата за вообичаените апарати, вклучително и централни климатизери, машини за перење и тоалети, велејќи дека овој потег ќе им даде на потрошувачите повеќе избор.
Одделот за енергетика објави дека ќе одложи седум мерки за ефикасност на апаратите што ги воведе поранешниот претседател Џо Бајден, додека ЕПА (Агенција за заштита на животната средина) објави дека ќе ги ревидира своите стандардни етикети за ефикасност.
„Денешното соопштение ќе го поттикне изборот на потрошувачите и пониските цени – тоа е победа за сите Американци“, рече секретарот за енергетика Крис Рајт.
Администраторот на ЕПА, Ли Зелдин, рече дека и наредил на програмата WaterSense на агенцијата да ги ревидира спецификациите за сертификација за производи како што се туш кабините за да ги направи 20 отсто поефикасни.
Трамп во вторникот одлучи дека САД ќе се вратат на постарите стандарди за светилки, како и тоалети, тушеви и други апарати за употреба на вода, еден ден по потпишувањето на наредбата за промовирање на пластични сламки и промена на планот за намалување на пластиката за еднократна употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.