Свет
Американскиот државен секретар: Бараме итен прекин на огнот во Газа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Соединетите Американски Држави претставиле нацрт-резолуција до членките на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува на „итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците“ во Појасот Газа.
„Всушност, поднесовме резолуција, која сега е пред Советот за безбедност, која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците и многу се надеваме дека земјите ќе ја поддржат“, изјави тој за саудискиот медиум Ал Хадат вчеравечер на маргините на посетата на Саудиска Арабија посветена на војната меѓу Израел и Хамас. Тој додаде дека се надева оти оваа иницијатива ќе испрати силен сигнал.
Вашингтон стави вето на неколку резолуции, кои повикуваат на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење.
Текстот, во кој АФП имал увид, ја нагласува „потребата од итен и траен прекин на огнот за заштита на цивилите од сите страни, овозможување испорака на суштинска хуманитарна помош“ и „недвосмислено ги поддржува дипломатските напори на меѓународните организации да постигнат таков прекин во врска со ослободување на заложниците што сè уште се држат“.
Во моментот нема закажано гласање за овој текст.
„Се разбира, ние стоиме покрај Израел и неговото право да се брани, но во исто време, императив е цивилите што се во опасност и страдаат толку ужасно да се фокусираме на нив, да ги направиме приоритет, да ги заштитиме цивилите обезбедувајќи им хуманитарна помош“, рече Блинкен.
По блокирањето на алжирската нацрт-резолуција, со која се повикува на „итно хуманитарен прекин на огнот“ во Газа кон крајот на февруари, Американците преговараа за алтернативен текст фокусиран на поддршка на дипломатските напори на теренот за постигнување шестнеделен прекин на огнот во замена за ослободување заложници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.