Свет
Американскиот министер за одбрана: Украина има шанса во оваа војна, но им треба вистинско оружје

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин одржа прес-конференција откако го посети Киев заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Остин рече дека потребите на Украина се менуваат како што се развива природата на борбата и дека дел од причината гледа во фактот што фокусот на војната се префрли на исток од земјата.
– На Украинците им треба оружје со долг дострел. Слушнавте дека изразиле потреба од тенкови. И правиме се што можеме за да ги поддржиме, артилерија и муниција кои ќе бидат ефективни во оваа фаза од борбата – рече Остин на прес-конференцијата што ја одржа во близина на полско-украинската граница.
Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави рече дека видел индиции дека многу земји ќе пријават и ќе обезбедат дополнителна муниција и дека Украина има шанса да победи во војната доколку го има соодветното оружје.
Szef Pentagonu 🇺🇸@SecDef złożył w niedzielę wizytę w Kijowie wraz z sekretarzem stanu USA 🇺🇸@SecBlinken. Amerykańscy ministrowie rozmawiali z prezydentem Ukrainy 🇺🇦@ZelenskyyUa m. in. o dalszym wsparciu USA i ich sojuszników dla walczącego z Rosją kraju#wieszwięcej pic.twitter.com/fw8bV3cecn
— tvp.info 🇵🇱 (@tvp_info) April 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Словачкиот премиер: Ако Украина падне, ние сме следни

Словачкиот премиер Едуард Хегер испрати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија да ја победи Украина. Хегер за време на панелот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија рече: „Ако Украина падне, Словачка е следната“.
„Украина мора да победи“, рече Хегер на панелот на кој присуствуваа голем број европски политички и деловни лидери.
Словачкиот премиер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија и ги повика европските лидери да „престанат да ги компромитираат“ нивните принципи кога имаат работа со Русија.
„Предолго ги продаваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Зборуваме за агресивна војна во која луѓето масовно гинат. Украинците ја пролеваат својата крв за нашите вредности, за ние да не мораме“, рече Хегер пренесе „Си-ен-ен“.
Европа
ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.
Истовремено се планирани дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра, со цел „ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор“.
Денеска решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.
Во нашиот нов безбедносен контекст, тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе Танјуг.
Европа
Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.
Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.
Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.