Свет
Американскиот Стејт департмент одобрил продажба на оружје на Тајван

Синоќа американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на оружје на Тајван во вредност од над 1,1 милијарда долари, вклучувајќи 60 противбродски проектили и 100 ракети воздух-воздух, објавил Пентагон.
Пакетот за оружје вклучува и логистичка поддршка од изведувачи за радарски надзор, додаде одбранбената агенција на Пентагон, а пренесе Ројтерс.
Пакетот беше објавен по агресивните кинески воени вежби околу Тајван по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на тој остров, пишува медиумот.
Пакетот вклучува ракети и опрема „Sidewinder“ по цена од 85,6 милиони долари, ракети и опрема Харпун за 355 милиони долари и логистичка поддршка за тајванскиот радарски систем за надзор за 665,4 милиони долари, соопштила Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон.
„Овие предложени продажби се рутински случаи на поддршка за тековните напори на Тајван да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет“, изјавил портпаролот на Стејт департментот кој сакал да остане анонимен.
Пентагон изјавил дека со најавената опрема и поддршка нема да се промени основната воена рамнотежа во регионот.
Потенцијалната продажба на оружје на Тајван е одраз на континуираната поддршка на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за островот, пишува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Огромна експлозија во Севастопол, Русија: погодено седиштето на Црноморската флота

Денеска, се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше присоединет од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште, каде што е сместена руската Црноморска флота.
Севастопол од неодамна често е цел на украински воени беспилотни летала и крстосувачки ракети. Според фотографиите и видеата што денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде што често се наоѓаат руски воени бродови.
/2. Video from Sevastopol. According to the locals on the video there were missiles flying right over them before the explosion. pic.twitter.com/8MahbiIBd3
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 22, 2023
Неофицијалните канали на „Твитер“, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.
💥 Video of the hit pic.twitter.com/slk02aVyPq
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) September 22, 2023
Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота
Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер, Михаил Развозаев.
Свет
„Гадно и опасно е како лаже“: Захарова до Фон дер Лајен

Портпаролката на МНР, Марија Захарова, изјави дека невистинитите изјави на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, против Русија се опасни.
Имено, Захарова обрна внимание на говорот на претседателката на Европската комисија на церемонијата на доделување награди на Атлантскиот совет – американскиот аналитички центар во НАТО, чиј лауреат годинава е и јапонскиот премиер Фумио Кишида.
„Фон дер Лајен одржа прилично впечатлив говор. Таа го пофали шефот на јапонската влада за поддршката на режимот во Киев и борбата против Русија. Таа потсети дека неговото семејство е од Хирошима и дека за време на нуклеарното бомбардирање во 1945 година таму загинале неговите роднини. За џелатите на САД и Вашингтон, кои фрлаа бомби врз јапонските градови и цивилното население, ниту збор“, напиша Захарова на „Телеграм“.
Како што додаде таа, Фон дер Лајен, „која е вмешана во најголемите корупциски скандали во историјата на ЕУ, отиде чекор понатаму – ја обвини Русија за трагедијата во Хирошима“.
Захарова ја цитира претседателката на Европската комисија.
„Ова се нејзините зборови дословно: Многу ваши роднини загинаа кога нуклеарната бомба ја срамни Хирошима. Вие пораснавте слушајќи ги приказните на преживеаните и сакавте и ние да ги слушнеме тие приказни, да погледнеме наназад и да научиме нешто за иднината. Русија повторно се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје. Одвратно и опасно е како лаже Урсула фон дер Лајен“, напиша Захарова.
Регион
(Видео) Поранешен фудбалер на „Звезда“, водач на наркоклан, кој шверцувал дрога: откриено кој стои зад шверцот на 324 килограми кокаин во Грција

Водач на шестчлената група, која вчера беше уапсена за 324 килограми кокаин во Солун, е 40-годишниот Живко Бакиќ, поранешен фудбалер на „Црвена звезда“, објави српски „Блиц“.
Покрај него, уапсени се: А. М., Н. П., С. Ш., М. С. и С. С., поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела здружување за извршување кривични дела во врска со кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничените се обвинети за формирање организирана криминална група во Јужна Америка, Западна Европа, Република Грција и во Република Србија во 2020 и 2021 година со цел купување и пренесување поголема количина наркотична дрога кокаин преку океански бродови од Јужна Америка на територијата на Западна Европа и Република Србија заради пуштање во оптек и прибавување голема противправна имотна корист, пишува српски „Блиц“.
Но, и дека во наведениот временски период оваа организирана криминална група купила, пренела и задржала на продажба 324 килограми наркотична дрога кокаин, од Еквадор до пристаништето во Солун во Грција, каде што наведената наркотична дрога била запленета од грчката полиција.
Осомничените се приведени во полиција по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Јавното обвинителство за организиран криминал, објавија српските медиуми.