Контакт

Свет

Американските војници што нема да се вакцинираат може да бидат отпуштени

Објавено пред

Американските воени офицери што одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот може да бидат суспендирани од своите должности и потенцијално отпуштени, соопшти американската војска. Откако Администрацијата за храна и лекови целосно ја одобри вакцината на „Фајзер/Бионтек“, секретарот за одбрана, Лојд Остин, нареди сите активни припадници на војската да бидат вакцинирани.

Војската соопшти дека почнала со примена на наредбата кон крајот на август додавајќи дека војниците може да побараат да бидат изземени од валидни медицински, верски и административни причини. Сепак, наредниците, високите офицери и офицерите на командни позиции, кои одбиваат да се вакцинираат и не очекуваат изземање од ваквaта одлука, ќе се соочат со суспензија или разрешување доколку ја одбијат наредбата, се вели во соопштението на војската.

„Војниците што одбиваат вакцина првин ќе бидат советувани по нивна наредба, но повторената непослушност може да резултира со парична казна или дисциплинска санкција, која вклучува суспензија или отпуштање“, се вели во соопштението.

„Ова е буквално прашање на живот и смрт за нашите војници, нивните семејства и заедниците во кои живееме“, рече генералот Рејонд Скот Дингл наведувајќи ја загриженоста за ширењето на многу заразниот делта-сој на коронавирусот.

Од минатата недела Министерството за одбрана на САД пријави повеќе од 353.000 случаи на инфекција меѓу персоналот и повеќе од 450 смртни случаи. Војската сега очекува нејзините активни единици да бидат целосно вакцинирани до 15 декември, а резервните единици и Националната гарда до 30 јуни в година.

Европа

Копенхаген прогласен за најбезбеден град во светот

Објавено пред

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од лондонската Economist Intelligence Unit, во која рангирани се 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, нова категорија која е воведена оваа година.

Копенхаген за првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.

„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген таков безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.

„Копенхаген исто така се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во социјалниот статус на жителите. Ова е мешан град каде и хигиеничарите и директорите се среќаваат во локалните супермаркети и имаат деца во истото училиште“, додаде тој.

Канадскиот Торонто го зазеде второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени, пренесе хрватски „Индекс“.

Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град е на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му беа доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.

Холандскиот Амстердам е шести, додека Велингтон во Нов Зеланд го зазеде седмото место.

Мелбурн е на осмото место, додека шведскиот Стокхолм е на десеттото место.

На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Јангон во Мјанмар.

Прикажи повеќе...

Регион

Босна и Херцеговина со најлоша статистика во Европа за починати од ковид на милион жители

Објавено пред

Босна и Херцеговина стана најлошата европска земја по смртност од ковид на милион жители.

Според статистичките податоци обезбедени од Worldometers, БиХ достигнала 3.134 смртни случаи на милион жители, што е повеќе од Унгарија која е на второто место, а има 3.128 смртни случаи на милион жители.

Пред БиХ на светско ниво е само Перу со 5.934 смртни случаи на милион жители.

Worldometers додава дека Босна и Херцеговина досега имала 225.857 случаи на инфекција, а 10.203 луѓе починале.

Закрепнале 192.218 пациенти, а биле извршени вкупно 1.188.929 тестови. Во моментов има 23.436 активни случаи.

Властите во БиХ апелираат до граѓаните да се придржуваат кон мерките и упатствата, поради страв од четврти бран, а луѓето постојано се повикуваат да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Свет

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Објавено пред

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили, меѓу кои седум деца, бил трагична грешка.

„Не е веројатно дека возилото и оние кои загинаа, на некој начин биле поврзани со џихадистичката група Исламска држава – Корасан (ИСК) или дека тие претставувале директна закана за американските сили“, изјави Кенет Мекензи, началник на американските сили во Авганистан, пред нивното конечно повлекување.

„Нашата истрага заклучи дека нападот бил трагична грешка“, додаде тој, истакнувајќи дека ја презема целата одговорност.

„Изразувам мое најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на убиените“, продолжи началникот.

Тој потсети дека нападот со дрон на 29 август во Кабул имал за цел да спречи непосредна закана од ИДК, неколку дена по атентатот на таа група во кој беа убиени 13 американски војници во близина на аеродромот во Кабул.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет2 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија14 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија17 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија19 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија20 часа

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија22 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија23 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија23 часа

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија23 часа

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија24 часа

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Досие