Контакт

Свет

Американски сенатор тврди дека со два напада ќе го поразат Иран во војна

Објавено пред

Републиканскиот сенатор од Арканзас, Томас Котон, во средата изјави дека САД можат да победат во војна против Иран со два напада, пренесува „Спутник“.

Одговарајќи на прашањето за можен конфликт, Котон не се двоумеше да одговори потврдно.

„Два напада: првиот напад и последниот напад. Ако Иран воено ги нападне САД или нашите сојузници во регионот, тогаш ќе очекува катастрофален одговор”, тврди тој.

Котон сепак истакна дека не се залага за воена акција против Исламската Република туку дека едноставно објаснува што ќе стори Вашингтон ако ескалира конфликтот.

Оваа изјава доаѓа откако САД минатата недела распоредија група за напади и единица за бомбардирање во Персискиот Залив, а советникот за национална безбедност, Џон Болтон, тврдеше дека секој напад врз американските или сојузничките интереси ќе биде возвратен со непопустлива сила.

Односите меѓу двете земји се во надолна спирала. Извештаите покажуваат дека Пентагон планира да испрати до 120.000 војници во регионот за да го приклешти Техеран.

Исламската република, во меѓувреме, суспендираше дел од своите обврски според нуклеарниот договор од 2015 година, најавувајќи го овој потег токму една година по одлуката на Вашингтон да се повлече од договорот и повторно да ги воведе унилатералните санкции против Иран.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мнучин: Грета прво да научи економија па нека дели предавања на инвеститори

Објавено пред

Грета Тунберг треба да оди и да студира економија пред да им држи предавања на инвеститорите, порача американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин на Светскиот економски форум во Давос.

Тој истакна дека повикот на младата активистка инвеститорите да ги отфрлат фосилните горива, покажува незнаење за економијата и работните места.

„Откако ќе отиде и ќе студира економија на факултет, таа може да се врати и да ни го објасни тоа“ рече американскиот министер.

Како одговор на повикот на Тунберг да се отфрлат фосилните горива, Мнучин рече: Дали таа е главна економистка?“.

„За луѓе кои повикуваат на отфрлање, постојат значајни економски прашања – проблемите со работните места“ нагласи тој и изрази надеж дека оваа година ќе биде потпишан трговскиот договор меѓу САД и Велика Британија.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека активистите биле премногу песимистични и дека треба да го концентрираат својот оган таму каде што емисиите на гасови растат. Тој не спомена кои земји се тие.

Прикажи повеќе...

Свет

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Објавено пред

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени. Тој додаде дека се ќе биде уништено доколку не се преземе брза акција.

„Продолжуваме да ја губиме војната против климатските промени, предупреди Гутереш на Светскиот економски форум во Швајцарија и нагласи дека постои закана за опстанокот на човештвото.

Гутереш повика на транзиција кон зелената економија и додаде дека светот ќе пропадне, ако големите загадувачи не се придружат на меѓународните напори за решавање на тоа прашање.

Прикажи повеќе...

Свет

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Објавено пред

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина од која заболеја стотици луѓе, сè уште не е вонредна глобална здравствена ситуација.

Одлуката следи откако кинеските власти ставија во карантин три града и откажаа големи настани во Пекинг, за време на периодот на празникот Лунарна нова година, за да се обидат да го спречат новиот вирус, пренесе АП.

Здравствената агенција на Обединетите нации ја објави одлуката откако независните експерти два дена ги проценуваа информациите за ширењето на вирусот.

СЗО ја дефинира глобалната вонредна ситуација како вонреден случај, кој претставува ризик за другите земји и бара координиран меѓународен одговор.

Претходната вонредна глобална ситуација беше прогласена со појавата на вирусот зика во Америка, пандемија на свински грип и детска парализа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет9 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион9 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија11 час

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа12 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија13 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија13 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија15 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ16 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет17 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет18 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија19 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет19 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија19 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион19 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет20 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија2 дена

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија2 дена

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Досие