Свет
Американците да не патуваат во Грција поради ризикот од Ковид-19, предупреди Центaрот за превенција на болестите
Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) ги предупреди американските граѓани да не патуваат во голем број земји поради зголемениот број заразени од коронавирус во тие држави, вклучувајќи ги на списокот Грција, Малта и Ирска, објавија агенциите.
Меѓу земјите што американскиот Центар не ги препорачува за патување се Иран, САД, Девствените Острови, Либија, Казахстан, Андора и Лесото.
Голем број заразени меѓу другите земји, како што предупредува Центарот, имаат и Мартиник, островот Свети Бартоломеј во Малите Антили, Курасао и островот Ман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Курти не успеа да формира влада
Лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, соопшти дека актуелната влада ќе продолжи да функционира до одржување на нови парламентарни избори, откако денеска во косовското Собрание не доби доволен број гласови за формирање нов кабинет, пренесе „Фонет“.
„Им благодарам на сите пратеници кои го поддржаа предлогот за новата влада и на граѓаните за поддршката. Бидејќи 56 гласа беа за, 52 против, а четворица воздржани, новиот мандат не може да започне. Во меѓувреме, како актуелна влада продолжуваме кон новите парламентарни избори“, напиша Курти на „Фејсбук“, пренесе „Косев“.
По гласањето, претседателот на Собранието, Димал Баџа, изјави дека одговорноста сега преминува на претседателката Вјоса Османи, која најави консултации со сите партии. Доколку не биде формирана влада, Османи ќе распише нови избори во рок од 40 дена.
Опозициските партии веќе порачаа дека нема да се обидат да формираат влада, бидејќи немаат мнозинство.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025
Регион
„Ројтерс“: Нафтата за Србија заглави во Хрватска, американските санкции го блокираа танкерот на НИС
Американските санкции воведени против Нафтната индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, ја спречиле клучната испорака на сурова нафта, што може да доведе до запирање на единствената рафинерија во земјата доколку не се обезбедат нови залихи, пренесе „Ројтерс“, цитира „Индекс“.
Според неименувани извори запознаени со ситуацијата, Србија има само уште неколку дена пред рафинеријата на НИС во Панчево да мора да го прекине процесот на преработка на сурова нафта. Од компанијата не дале коментар.
Претседателот Александар Вучиќ уште на 9 октомври предупреди дека рафинеријата, која снабдува голем дел од пазарот со горива, вклучувајќи бензин и авио-гориво, ќе има тешкотии по 1 ноември. Сепак, Вучиќ порача дека складиштата се полни и дека постојните резерви ќе бидат доволни до крајот на годината.
„Нема да има недостиг од сурова нафта, нејзини деривати ниту енергетска криза“, изјави тој минатата недела.
Испораката запрена во Хрватска
Како што наведува „Ројтерс“, танкерот Maran Helios, кој превезувал околу еден милион барели казахстанска сурова нафта (KEBCO) за НИС, пристигнал во хрватското пристаниште Омишал на 9 октомври — токму на денот кога стапиле во сила санкциите. Меѓутоа, товарот никогаш не стигнал до Србија.
Хрватскиот оператор „Јанаф“ соопштил дека до 8 октомври ја испорачал целата нафта што се наоѓала во неговиот систем и била во сопственост на НИС, и дека по тој датум немало нови испораки за Србија.
Ова, според агенцијата, укажува дека казахстанската нафта купена од НИС воопшто не била примена во системот. „Ројтерс“ не успеал да потврди дали товарот, кој бил истоварен во вторникот по две недели чекање пред пристаништето, е складиран во Омишал или препродаден на друг купувач.
Можна енергетска криза во Србија
Блокираната пратка на сурова нафта би била доволна за работа на рафинеријата во Панчево околу десет дена. Иако моменталните резерви се речиси целосни, нивното намалување ќе ја направи Србија сè позависна од увоз.
Русија и Србија, како што наведува „Ројтерс“, се обидуваат да најдат решение со кое би се укинале американските санкции што стапија на сила по истекот на последното изземање.
„За мене тоа не е прашање. Рафинеријата мора да работи, а бензинските пумпи мора да останат оперативни“, изјавила за „Ројтерс“ Надежда Кокотовиќ, поранешна раководителка на канцеларијата на НИС за односи со Европската унија.

